Сања од Hurricane за шпекулациите со Дамиано Давид: „Ми стана непријатно кога дознав дека има девојка“
- Детали
- среда, 09 јуни 2021
Фронтменот на групата „Maneskin“, Дамиано Давид ги освои срцата кај женската публика, а се чини дека на неговиот шарм не останаа имуни ниту неговите колешки што учествуваа на годинешниот избор за песна на Евровизија. Членките на српското трио „Hurricane“ беа гости во емисијата „Амиџи шоу“ каде говореа за своите искуства од „Евровизија“, но и за Дамиано Давид.
Постоеја шпекулации дека членката на триото „Hurricane“ Сања Вучиќ го симпатизира италијанскиот заводник. Особено внимание привлече и видеото каде по прогласувањето на победникот, Ксенија Кнежевиќ ја влече Сања кај Дамиано за да му ја честитаат победата, а сега младата ураганка објасни како изгледаше тој миг:
„Реков: ’Сања човекот победи, ајде да му честитаме‘, а таа ми рече: ’Немој сега, немој сега‘, јас ѝ реков: ’Ајде сега‘, ја повлеков и тоа беше тоа!“
https://www.youtube.com/watch?v=JKzD9MSdhV0
Инаку, Сања говореше и за тоа дали навистина се вљубила во Дамиано како што се шпекулирало.
„Луѓе, јас само на малку пошеговит начин изјавив дека тој мене ми е симпатичен, што е така. Првично многу ми се допаѓаше песната, тие се мошне харизматични, а дека постоела некаква љубов – навистина не. Ни прават заеднички фотографии, а мене ми е жал, отпосле дознав дека тој има девојка, навистина ми е непријатно“ – објаснува Сања.
Инаку на YouTube уште е достапно видеото кога за време на Евровизија, Сања говореше за своите чувства кон италијанскиот заводник:
„Навистина се вљубив во него. Тој е толку харизматичен и убав маж. Тоа е платонски. Јас сум сингл … Но, многу би сакала да се фотографирам со него, затоа што тој навистина е прекрасен“ – рече тогаш Сања.
Освен за ова, девојките говореа и за скандалот што следеше веднаш по прогласувањето на победниците на годинешната „Евровизија“.
На интернет брзо се прошири видеоснимката за која се шпекулираше дека Дамиано консумира дрога, но сепак, резултатите од тестирањето покажаа дека Дамиано не консумирал наркотици, а Ксенија дополнително раскажа и што се случило:
„Верувајте ми, таму ништо не можеше да се внесе … Така што не беше тоа што сите мислеа дека се случило. Човекот е неправедно обвинет“ – појасни таа.
Во продолжение погледнете го и видеото од гостувањето на „Hurricane“ во „Амиџи шоу“:
Б. С. Б. | Црнобело