Неверојатна трансформација на баба (86) од Србија: „Како изгледам секој ден, а како кога ќе ме нашминка внукот“

Многупати кога ќе видиме фотографии од трансформации не можеме ниту да веруваме во колкава мера шминката и фризурата можат да го променат изгледот на некоја личност. Таков е случајот на оваа баба од Србија која преку ноќ стана Инстаграм хит благодарение на нејзиниот внук.

neverojatna-transformacija-na-baba-86-od-srbija-kako-izgledam-sekoj-den-a-kako-koga-kje-me-nashminka-vnukot-01.jpg

Баба Милоратка (86) од селото Ивањица стана Инстаграм хит откако нејзиниот внук, познатиот српски фризер и шминкер Александар Драмиќанин на чиешто столче седеле голем број познати дами од српската естрада меѓу кои и девојките од бендот Hurricane, ја нашминка и ѝ направи фризура.

Драмиќанин за првпат објави фотографии од трансформацијата на неговата баба оваа пролет, кога откри и како дошол до идејата за овој невообичаен проект.

neverojatna-transformacija-na-baba-86-od-srbija-kako-izgledam-sekoj-den-a-kako-koga-kje-me-nashminka-vnukot-02.jpg

„За време на карантинот минатата година за првпат ја нашминкав. Тогаш за првпат во животот ја обои и косата. Таа е баба од село, живее во Ивањица. Ја искористив пригодата да ја средам кога тоа никому не му беше достапно, само таа го имаше тој луксуз“, вели Александар.

Тој тогаш откри дека баба му како и поголемиот број жени што живеат на село, не се шминка, не ја фарба косата и носи марама, а ова истото го потврдува и самата баба Милоратка во најновото видео што тој го објави на Инстаграм.

neverojatna-transformacija-na-baba-86-od-srbija-kako-izgledam-sekoj-den-a-kako-koga-kje-me-nashminka-vnukot-03.jpg

Прочитајте и Баба Милоратка (86) од Србија е Инстаграм хит со драстичната трансформација - шминката и фризурата прават чуда

На почетокот на видеото баба Милоратка покажува како вообичаено изгледа нејзината секојдневна рутина со местењето на марамата.

„Да сине јас вака ја носам секогаш марамата“ – вели таа, а во следниот кадар можеме да ја погледнеме неверојатната трансформација, како изгледа кога ќе ја дотера нејзиниот внук.

„Мојата најпрекрасна баба Милоратка“ – напиша Драмиќанин до видеото што тој го објави.

Драмиќанин е моден уметник кој веќе 15 години работи во Белград, а досега соработувал со голем број познати личности.

neverojatna-transformacija-na-baba-86-od-srbija-kako-izgledam-sekoj-den-a-kako-koga-kje-me-nashminka-vnukot-04.jpg

На следната страна дел од делата на Драмиќанин - ги шминка девојките од групата Hurricane, како и низа други Србинки...



Би можело да ве интересира:

Баба од Босна го растажи Балканот: „Имам синови и внуци, но никогаш не ме посетуваат“ „Синовите не ми доаѓаат често, за нив дознавам преку луѓето. Имам и три внуци. Н...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg