Баба Милоратка (86) од Србија е Инстаграм хит со драстичната трансформација - шминката и фризурата прават чуда
- Детали
- среда, 14 април 2021
„Баба ми, како и поголемиот број жени што живеат на село, не се шминка, не ја бои косата и носи марама, но тоа е жена што плени со внатрешна и надворешна убавина“ - вели внукот на баба Милоратка, кој е стилист и направи драстична трансформација во изгледот на 86-годишната баба од Србија.
Дека шминката и облеката се од огромно значење може да се види и од оваа невообичаена трансформација.
Имено, српскиот моден уметник и стилист Александар Драмиќанин на својот Инстаграм профил сподели фотографија од неговиот последен невообичаен проект.
Тој ја нашминкал неговата баба Милоратка (86), ѝ ја средил фризурата и со помош на нова облека покажа дека и таа може да изгледа како филмска дива.
Објавата на уметникот стана вистински хит на социјалните мрежи, а за него почнаа да зборуваат и оние што досега воопшто и не знаеле за неговата работа.
Како што појаснува Александар, тој минатата година за време на карантинот за првпат одлучил да ја дотера баба му, а сега повторно го повториле просецот.
„За време на карантинот минатата година за првпат ја нашминкав. Тогаш за првпат во животот ја обои и косата. Таа е баба од село, живее во Ивањица. Ја искористив пригодата да ја средам кога тоа никому не му беше достапно, само таа го имаше тој луксуз“, вели Александар.
„Баба ми, како и поголемиот број жени што живеат на село, не се шминка, не ја бои косата и носи марама. Но, тоа е жена што плени со внатрешна и надворешна убавина и така дојдов до идеја да ја средам“, открива Александар за срспките медиуми.
Драмиќанин е моден уметник кој веќе 15 години работи во Белград, а досега соработувал со голем број познати личности.
„Мојата баба! Те сакам најмногу на светот! Покрај сите преубави жени што сум ги дотерувал и натаму ти си некој што најмногу ме инспирира“ - напиша тој во описот на Инстаграм фотката.
Б. С. Б. | Црнобело