Лепа Брена на 60 години изгледа одлично во бикини: „Тајната е во јогата и гимнастиката“
- Детали
- недела, 05 септември 2021
„Само јога и гимнастика“. Ова е тајната што на Лепа Брена што ѝ помага и на 60 години да ја задржи витката линија и да изгледа одлично и на фотографиите каде е облечена само во минималистичко бикини.
Познатата српска пејачка Лепа Брена во моментов се одмора во Црна Гора, од каде објавува фотографии како ужива на својата луксузна јахта. Таа објави фотографија во бикини и доби голем број коментари.
„Море... Радосни изгрејсонца и неизвесен самрак“ – напиша таа до фотографијата.
„Блазе си ти“ – коментираат дел од нејзините следбеници.
Фахрета Јахиќ Живојиновиќ, односно Лепа Брена годинава во октомври ќе наполни 61 година, но многумина коментираат дека изгледа одлично. На што се должи нејзиниот фит изглед?
Познато е дека таа во минатото имаше силиконски усни, што ги извади, па ги замени со хијалуронски филери, но кога станува збор за добриот изглед на нејзиното тело, таа тврди дека линијата ја одржува само со помош на јога и гимнастика.
Таа пред извесен период објави постер на Инстаграм од почетоците на нејзината кариера во 80-тите години кога важеше за „секс-симбол“ во тогашна Југославија.
„Само јога и гимнастика“ – напиша таа до фотографијата.
Иако постојат видливи измени на нејзиниот лик, кога станува збор за витката линија, пејачката целосно се потпира на физичката активност.
Погледнете повеќе фотографии од неа во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело