Наташа Беквалац комплетно искрена на Инстаграм за проблемите со кои се соочува

Пред само неколку дена познатата српска пејачка Наташа Беквалац со своите следбеници на Инстаграм сподели колку тешко ѝ оди додека се обидува да се откаже од зависноста од никотин, а сега само една седмица подоцна сподели уште една „бомба“, дека се откажува и од настапите.

natasha-bekvalac-se-otkazha-od-porocite-a-sega-se-povlekuva-od-nastapite-mi-se-izvinija-mazhite-shto-me-povredija-01.jpg

Познатата српска пејачка Наташа Беквалац (40) со своите следбеници на Инстаграм сподели информација дека се откажува од настапите:

„Неверојатно е како една голема промена повлече низа други. Уморна сум, исцрпена и не сум расположена. Чувствувам дека ова е времето кога морам да се вратам на себеси. Вистинската, здравата, среќната ЈАС. Онаа што во секој момент има што да пружи, да даде нешто.

Одлучив еден период да не настапувам, дека ми треба пауза, но дека морам да останам блиску до музиката. Не да бидам на сцена и да ја споделувам со публиката, туку да бидеме само ние двете. Музиката и јас... Во студиото.

Не знам каде сето ова ќе ме однесе, но знам дека сум подготвена и дека сè што ќе излезе од ова ќе биде само мое и искрено.

Ми се расчистува минатото... Некои мажи што мошне ме повредија... Се јавија... И рекоа... Извини... Напишаа... Можеби сето тоа е потребно за да бидам слободна... Своја... И инспирирана“ – напиша таа на Инстаграм.

Српските медиуми шпекулираат дека одлуката на Беквалац да се откаже од сценските настапи се должи на тоа што таа во последниот период добро заработува како инфлуенсерка на Инстаграм, па според нив, таа само во август наводно успеала да заработи 30.000 евра од објави.

Од друга страна пак, Наташа во последно време со своите следбеници споделува за тоа како се чувствува додека се обидува да се ослободи од пороците, односно од никотинот.

„Уште малку, па ќе навршат две недели како засекогаш го оставив никотинот. Секој ден ми е малку полесно од претходниот, но и натаму ми е мошне тешко. Морате да најдете силна мотивација, нешто што може да му се спротивстави на овој порок, што прво полека ве заведува, а потоа полека ве убива. Уште сум мошне нервозна, раздразлива, со тенки нерви, буквално сè ме иритира и ме вади од такт. Боже само да не полудам, ете само тоа го сакам“ – напиша таа на Инстаграм.

Иронично, една од најпознатите песни на Беквалац е песната „Никотин“ од 2004-тата година.

Што се однесува до мажите што претходно ја повредиле, па се јавиле да се извинат, не може точно да се знае за кого се работи. Таа до 2008-мата година беше во брак со одбојкарот Данило Никодиновиќ со кого ја има и ќерката Хана. По ова во 2015-тата стапи во брак со ракометарот Љубомир Јовановиќ со кого се раведе во 2017-тата, а истата година се омажи за Лука Лазукиќ.

Сепак, во 2018-тата Наташа беше жртва на физички напад од страна на Лазукиќ, еден месец откако ја роди ќерката Катја, по што таа повторно се разведе.

Повеќе фотографии од Беквалац во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наташа од „Фрајле“ со трогателна исповед: „Брат ми се самоуби, додека јас бев во соба до неговата“ „Буквално денот пред да си го одземе животот брат ми Рале (26) се шегуваше со мо...
Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Се огласи ќерката на Аца од „Амадеус бенд“ кој се откажа од неа: „Тој ги објави голите фотки на мајк... „Едно утро во 4 часот, веројатно пијан, ми испрати порака дека сфатил дека не го...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Едниот син таа го пронајде мртов, другиот се предозира во Израел: Трагедиите во семејството на Марин... Во 2008 година, ненадејно почина помладиот син на Марина Туцаковиќ. Во 2021-ва т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg