Прв секс-симбол на Југославија, денес е во врска со саудиски принц – Која е Диана Нивен?

Од прв југословенски топ модел со успешна кариера на италијанските модни писти, до успешна телевизиска кариера и филмска кариера... Диана Нивен е жената што ги крадела воздишките на голем број познати мажи и заводници.

diana-niven-bila-prv-seks-simbol-na-jugoslavija-a-denes-zhivee-vo-holivud-i-e-vo-vrska-so-saudiski-princ-01.jpg

На возраст од 16 години, Диана Беќиревиќ позната и како Диана Нивен станала првиот југословенски секс-симбол, кога се фотографирала за магазинот „Старт“. Диана е родена во 1962 година, а животот ѝ се променил во целост во 1981-вата година кога се фотографирала за поголем број магазини, меѓу кои и за „Плејбој“. 

Таа била првиот балкански топ модел што имал успешна кариера во Милано, интервјуирала голем број ѕвезди за италијанската телевизија РАИ, била во врска со Горан Бреговиќ.

View this post on Instagram

A post shared by Diana Niven (@diananiven)

Дијана (59) денес живее и работи во Холивуд, а често патува. Иако, кариерата ја изградила како топ модел што постојано се фотографира во бикини, таа во интервју за 24sata.hr открива дека секогаш за себе бара интимни и скриени плажи, затоа што отсекогаш била мошне самокритична за сопственото тело.

„И денес одам на затскриени плажи. Имам комплекси од соблекување на јавна плажа, а така беше и кога го имав најубавото тело. Во манекенските денови мразев кога требаше да шетам во костими за капење. Бев Мис Јадран, Мис на Југославија“ – вели таа за 24sata.hr.

За неа најголемо достигнување е периодот што е поврзан со Ватикан. Таа вели дека и денес верата ѝ е мошне важна во животот, а дека себеси се пронашла во Кабалата. На почетокот кога од Тузла се преселила во Италија, недостатокот на одговорите за сите внатрешни прашања почнала да го бара во големиот број цркви, па во еден миг дури и му напишала писмо на Папата.

Воопшто не очекувала дека по неколку дена ќе добие одговор од него и дека ќе биде поканета во Ватикан. По ова, таа од Милано се преселила во Рим, каде работела како водителка на религиозни содржини за телевизијата РАИ. Имала можност да интервјуира голем број познати личности: Лучано Павароти, папата Јован Павле, папата Бенедикт XVI, Ајртон Сена...

Во Рим имала прилика да се дружи со голем број познати и славни личности, а вели дека во еден миг дури и го одбила и славниот Ал Пачино, кој во тоа време во Италија работел на снимањето на филмот „Кум“. Како што вели, таа често ги посетувала ноќните клубови во Рим, па така голем број познати личности од тоа време ја следеле.

„Ал ме следеше постојано. Сигурно мислеше дека сум некоја глупача, што не сакам да бидам со него, но не жалам за тоа. Единствено жалам што не бев со Кевин Костнер. Тој имаше посериозни намери со мене, но не раздвоија љубоморни луѓе, а јас не бев доволно зрела да го препознаам тоа“ – вели таа.

Како што вели, додека живеела во Италија, кратко време се забавувала и со Горан Бреговиќ, но таа врска прекинала затоа што не можеле да одржат врска на далечина.

Денес Диана живее во Лос Анџелес, каде е сосетка на најдобрата другарка на Ким Кардашијан Британи Гастино и нејзината мајка.

Освен со големиот број успеси и приказни за славните и познатите, Диана е интересна и по тоа што голем дел од својот живот го посветила на образованието. Во Италија завршила факултет за новинарство, што во голема мера ќе ѝ помогне во развојот на нејзината кариера како новинар. За неа постојат шпекулации дека била тесно поврзана со поранешниот италијански претседател Берлускони и одблиску го проследила неговиот пад, но вистината за тоа останува и до денес непозната.

По ова Дијана се преселила во Лос Анџелес, каде дипломирала на Американскиот Филмски Институт и работела како извршен продуцент заедно со Марк Дејмон.

Што се однесува за нејзиниот љубовен живот, според официјалните податоци, низ годините неа ја поврзувале со голем број познати и славни личности, Горан Бреговиќ, Ники Лауда, Ал Пачино, еден таинствен фудбалер за кого не открива многу, а се знае дека денес е во врска со принц од Далечниот исток, за кого исто така не открива многу.

Таа за својот живот напишала и книга, каде открива како од титова пионирка станала славна личност која има голем број приказни за славните и познатите со кои имала прилика да се сретне.

Таа е мошне активна на социјалните мрежи, а во продолжение погледнете повеќе фотографии од неа:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg