Го глуми Полат Алемдар 14 години, а уште е во топ форма – Како изгледа турскиот Џејмс Бонд?
- Детали
- сабота, 01 мај 2021
Во Турција деновиве со нетрпение се очекува новата 12-та по ред сезона на „Долина на волците“. Мухамед Неџати Шашмаз, што сите го препознавате како Полат Алемдар од познатата турската серија која на нашите ТВ екрани се емитуваше пред десетина години.
„Долина на волците“ ја гледавме пред цели 10 години, а ако се суди по фотографиите на Инстаграм профилот на познатиот актер (49) гледаме дека актерот сè уште е во „топ форма“ и дека со право го нарекуваат „турскиот Џејмс Бонд“.
Дали македонската публика ќе има можност да ја следи новата сезона насловена „Хаос“ нема информации, но на социјалните мрежи имаме можност да ги видиме актерите од серијата што беше вистински хит кај нас.
Инаку, првата епизода од серијата е снимена во далечната 2003-та година.
Неџати Шашмаз е роден во Турција, во 1971-годна. Пораснал во Анкара, а првично се образувал во областа на туризмот.
Отворил своја туристичка агенција во Турција, но не бил задоволен од животот па се обидел да мигрира во САД.
Верувале или не, тој тргнал на пат во САД на 11-ти септември 2001 година и додека бил во авионот веќе стигнала веста дека авион се урнал во „Кулите близначки“ поради што авионот на Шашмаз веднаш се вратил во Турција. По ова се предомислил и останал во Турција.
„Долина на волците“ е прв негов проект како актер. Денес тој е сопственик и извршен директор на Pana Entertainment, продукциската компанија на хит серијалот.
Како изгледа тој денес:
Б. С. Б. | Црнобело