„Женкар, секогаш со различна“ – Дали ова е избраничката на хрватскиот заводник Хаусер, со која ужива на Малдиви? (фото)
- Детали
- среда, 14 април 2021
Изгледа Стјепан Хаусер конечно го откри ликот на прекрасната девојка со која редовно објавува романтични фотки и видеа од рајските плажи на Малдиви последниве 2 месеца, откако фановите дури се посомневаа и дека е можно да направил тајна свадба.
Хрватскиот виолончелист од средината на февруари ужива на рајските плажи на Малдиви, а ги заинтригира фановите со мистериозната девојка (или девојки) од неговите романтични фотки.
Во последните два месеца Стјепан Хаусер им откри на фановите дека ја пронашол својата сирена на Малдиви, а редовно објавува романтични вечери на плажа, појадок во базен и љубовни сцени во музичките видеа со девојка, за која никој не е сигурен дали е постојано истата, со оглед на тоа што не го открива нејзиниот лик, а секогаш изгледа различно.
На последните фотки и видеа кои ги објави на Инстаграм Стори, тој очигледно за првпат ја покажа целосно својата избраничка, облечена во елегантен, црвен фустан и напиша: „Госпоѓо Бонд, дали си подготвена за нови авантури?“.
Стјепан сподели дека се работи за снимање на видео кое долго време го замислува, но секако, повторно останува таинствен и не открива повеќе детали за што станува збор.
Хаусер повторно успеа да ја разбуди фантазијата на фановите, кои дури се посомневаа дека направил тајна свадба на Малдиви, откако на една објава напишал: „Госпоѓице, медениот месец продолжува?“.
На музичките видеа пак, каде девојката се појавува без лик, фановите му пишуваат: „Дали е ова истата девојка?“, „Ах, секогаш со различни девојки, женкар...“.
Останува да видиме до кога ќе трае неговиот рајски одмор и дали ќе открие нешто повеќе за неговата избраничка, но дефинитивно ужива во љубовните мигови.
М. М. | Црнобело