Хрватскиот заводник Стјепан Хаусер си пронајде мистериозна „сирена“ на Малдиви (фото)
- Детали
- среда, 03 март 2021
Неодамна Стјепан Хаусер од 2CELLOS откри дека после врската со Јелена Розга е сингл 3 години, а моментално ужива на рајска дестинација и ги заинтригира фановите со мистериозна девојка преправена во сирена.
Хрватскиот виолончелист се прослави заедно со Лука Шулиќ во дуото 2CELLOS, но сега двајцата продолжија по одвоени патеки.
Стјепан Хаусер продолжи да воодушевува со талентот и стана препознатлив по изведување на познати музички хитови на рајски дестинации, најчесто бос.
Овојпат, на својот Инстаграм профил, музичарот откри дека ужива на Малдиви, а од своето виолончело се одвои само во потрагата по мистериозната сирена.
На Инстаграм Стори тој објави неколку видеа под вода, велејќи дека ја бара својата сирена, а откако ја „пронајде“, сподели романтични фотки со неа.
Тој честопати знае да се обвие со превезот на мистеријата и ја буди фантазијата на фановите со слични објави, а неодамна на прашањето дали има девојка, поставено од Инстаграм фан, тој откри дека по последната врска е сингл веќе 3 години.
Последно, тој беше верен со Јелена Розга, а врската им траеше околу 2 ипол години, според хрватските медиуми.
Видеа на кои звуците од неговото виолончело одекнуваат на рајските плажи на Малдиви:
М. М. | Црнобело