„Доцневме на сопствената свадба“ – Љубовната приказна на Ѓорѓе и Оливера Балашевиќ е бајка која ќе ги надживее генерациите
- Детали
- понеделник, 22 февруари 2021
Љубовната приказна на Ѓорѓе и Оливера Балашевиќ е една од најромантичните и најубавите на поранешните ЈУ-простори. Таа е практично љубовна сказна за брак кој траеше четири децении на човекот, кој се чини дека умееше да сака барем за нијанса подобро и повеќе од сите останати.
фото: приватна архива / Фејсбук - Беба Балашевиќ
Кога Оливера дошла да студира во Нови Сад, набрзо во нејзиниот живот се појавил Ѓорѓе, а нејзините студентски денови се опеани во песната Провинцијалка:
Ова е изјавата на Оливера за својот сопруг во едно одамнешно интервју каде што раскажува за нивната љубов:
„Тој тврди дека песната е поврзана со оваа просторија. Знам дека читав белешки за предавања на масата подготвени за испитот и честопати гледав низ прозорецот чекајќи тој да се појави. Тогаш немаше мобилни телефони, па Ѓорѓе свиркаше под прозорецот. Тој свиреж се користи и денес кога талкаме некаде во некој град или низ некој трговски центар. Кога ќе го слушнев неговиот свиреж, ќе истрчав низ ходникот со брзина на светлината за да го видам, па таа песна ја раскажа на многу убав начин“.
фото: приватна архива
Ѓорѓе пак за својата најголема љубов изјавил:
„На патот да станам лошо момче ја запознав неа, и сè прерасна во приказна за насилник и принцеза, но со малку променети улоги. Далеку од тоа дека таа беше „багабонт“, но беше како скитник низ студентските соби и студентските домови, со огромна амбиција. Пред Оља имав некои трагични, формални врски, но кога ја видов првпат, помислив дека сакам да се оженам и да имам свое семејство“.
фото: Фејсбук - Беба Балашевиќ
Оливера и Ѓорѓе Балашевиќ се венчале на 7 мај 1981, а годишнината од бракот ја славеа четири децении, секоја година со сè повеќе љубов.
„Никому не кажавме ништо, брзо се зедовме, дури и малку доцневме… Јована веќе беше родена. Кумата дојде во последен момент и му реков на Борчек да ми ја донесе личната карта, дека е снимање во прашање, за да не ми дојде со подарок во рака. Влетавме во канцеларијата на матичарот, но веќе нè чекаа пријателите кои сепак успеале да дознаат. Тоа беше мала, слатка церемонија што подоцна продолжи дома, строго со сендвичи. Се чувствував добро, како да не бев младоженец. Бев во елегантни, црни фармерки и чевли со добри елементи на патики, навистина не сакав да носам патики од почит кон мојата сопруга. Оља имаше убав бел фустан, само без тие „ѕинѕурци“ на главата“.
фото: приватна архива
По ќерката Јована, Оља и Ѓорѓе ја добија и ќерката Јелена и синот Алекс. Нивното семејство било исполнето со љубов, поддршка и разбирање.
фото: Фејсбук - Беба Балашевиќ
Во 2001 година, Балашевиќ го издаде албумот „Дневник старог момка“ посветен на неговата најголема љубов. Секоја од дванаесетте песни носи женско име, и со комбинирање на почетните букви од тие имиња се добива акростихот: „Олја е најдобра“. Балашевиќ, непоправливиот романтичар уште еднаш му покажа на светот колку е единствена нивната љубов.
(О)Милена | Црнобело