Татко херој од Хрватска: „Не ме пуштаат кај синот, му дадов токи-воки и монтирав шатор пред болница“
- Детали
- четврток, 06 август 2020
Во '90-те ја бранел оваа хрватска болница, а денес како ветеран мора да постави шатор пред болницата и со токи-воки да комуницира со 7-годишното синче, бидејќи не го пуштаат да го посети момчето кое плаче и го моли да дојде.
Малечкиот Шимун бил донесен во болницата во Пакрац бидејќи здравствената состојба му била влошена и морало да го задржат, но на таткото не му било дозволено да остане со него, дури ниту ако спие на под.
Овој татко херој не дозволил синот да се почувствува сам и му ветил дека ќе биде со него, па му донел токи-воки и монтирал шатор пред болницата за постојано да комуницираат.
Фотографија од шаторот се ширеше на социјалните мрежи, а подоцна на таткото му беше направено и интервју.
šimun (7 god) je u bolnici sam pa je tata digao šator ispred bolnice da se mogu čuti voki tokijem kad ga šimun treba 💔#BolesniASami pic.twitter.com/2giDLNJtzK
— Marija (@MarijaRenic) August 4, 2020
„Сакав да останам со него, но не ми дозволија, дури и ако спијам на подот. Му објаснив на синот дека морам да одам, а тој почна да плаче. Во друга просторија сум сине - реков, ќе ти дадам токи-воки и ќе се слушнеме. Веднаш ми дојде идеја да ставам шатор, отидов дома го земав и го поставив. Него му однесов токи-воки и некои работи што му беа потребни и тој знаеше дека тато е тука за да траумата биде минимална. Тоа ми беше целата поента“ – вели таткото во интервјуто.
Заради епидемиолошките мерки Роберто смеел да го гледа синот само 15 минути во денот, но последниот пат не му биле дозволени ниту тие 15 минути.
„Во плачење ме викаше и ме молеше да дојдам преку токи вокито бидејќи беше исплашен што ќе му вадат крв и ќе го боцкаат. Веднаш отидов, но не ме пуштија по ниту една цена да останам 10 минути повеќе. Ако продолжев да се туркам и расправам ќе дојдеше до проблем и тепачка, па ќе дојдеше полиција и ќе ме влечеа како ѓубре, а на крај јас ќе излезев негативец.“
фото: 24sata.hr
Таткото е разочаран бидејќи тој е ветеран, кој порано се борел за земјата и за оваа болница, па му се обрати на Министерот за здравство Берош:
„Јас како ветеран кој ја бранеше оваа болница во 90-тите, денес во болницата на хрватски ветерани не можам да спијам покрај својот син на под. Берош, каде е проблемот? Зошто не можев да останам покрај детето?“
Целото интервју со таткото погледнете го тука:
https://www.facebook.com/watch/?v=3077004375730632
М. М. | Црнобело