Јутубер од Србија им ги покрива месечните трошоци на непознати луѓе (видео)

Данило Бадњар е Јутубер од Србија, а неодамна направи навистина добро дело.

gest-shto-kje-ve-rasplache-jutuber-im-gi-pokriva-mesechnite-troshoci-na-stranci-video-01.jpg

Младиот Јутубер, познат и како Чода, одел од куќа во куќа и ги прашувал луѓето колку им се месечните трошоци. Им кажувал дека планира да се пресели во нивниот крај, па сакал да знае што може да очекува.

Но откако го добивал посакуваниот одговор, Данило им кажувал на луѓето дека сака да им помогне. Потоа им ја подарувал сумата пари што им е потребна за еден месец.

kje-ve-rasplache-jutuber-od-srbija-im-gi-pokriva-mesechnite-troshoci-na-stranci-video-02.jpg

Данило направил и видео од неговиот „проект“.

„Одиме да ги прашаме луѓето колку им чинат сметките, кажувајќи им дека сакам да се преселам овде. Но, кога ќе ми кажат колку чинат, ќе им ја дадам кажаната сума, само за да им подарам малку позитивност“, вели Јутуберот.

Најпрво, Данило посетил жена на која ѝ подарил 3.000 динари. Следната личност бил маж кој е воен инвалид, но кој работел како чистач за да заработи нешто.

Кога Данило му дал 17.000 динари, на среќата на мажот ѝ немало крај.

„Што, за мене? Каква обврска имам пред тебе? Утре нема да дојдете и да ми речете дека ми дадовте 17.000 динари?“, прашал човекот кој потоа и го прегрнал младиот Јутубер.

kje-ve-rasplache-jutuber-od-srbija-im-gi-pokriva-mesechnite-troshoci-na-stranci-video-03.jpg

Една жена пак, во знак на благодарност, му подарила и букет цвеќе на ова добро момче.

kje-ve-rasplache-jutuber-od-srbija-im-gi-pokriva-mesechnite-troshoci-na-stranci-video-04.jpg

„Шокирана сум. Првпат некој да ме почасти вака. Во животот никогаш не сум добила ништо“, изјавила една жена која ги донирала добиените пари, на луѓе на кои им требаат повеќе.

Овој гест нема да ве остави рамнодушни, а целото видео можете да го погледнете во продолжение:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg