Хрватските ѕвезди во автобус без клима: „Ова е страшно - како бедници да сме!“

Додека едни ги сожалуваа препотените славни фаци на социјалните мрежи, други им одговорија дека сега конечно знаат како им е везден на обичните граѓани.

hrvatskite-dzvezdi-vo-avtobus-bez-klima-ova-e-strashno-kako-bednici-da-sme-1.png

Претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, вчера организираше свечен прием по повод одбележување на Денот на државноста.

hrvatskite-dzvezdi-vo-avtobus-bez-klima-ova-e-strashno-kako-bednici-da-sme-2.jpg

На настанот очекувано пристигнаа и многумина познати лица од тамошната јавна сцена, само што превозот до конкретната локација ги „свари“ и „доведе до лудило“ повеќе имиња од естрадата, пренесуваат хрватските портали.

hrvatskite-dzvezdi-vo-avtobus-bez-klima-ova-e-strashno-kako-bednici-da-sme-3.jpg

Тие се возеа во автобус со расипана клима, наспроти фактот што надвор температурата надминуваше 30 целзиусови степени.

Славните патници не го криеја своето незадоволство, а младиот пејач Дино Јелушиќ дури сподели и снимка од вжештената атмосфера.

hrvatskite-dzvezdi-vo-avtobus-bez-klima-ova-e-strashno-kako-bednici-da-sme-4.jpg

На поплаките за непријатноста што ја чувствуваат во „пеколниот“ автобус, солидарно му се придружи и глумицата Ања Шоваговиќ-Деспот, додавајќи дека изгледаат како испотени и мокри „бедници“.

„Значи ова е страшно!“, гласи заклучокот на крајот од видеото, кое беше постирано на социјалните мрежи, па избришано подоцна.

Се запрашале ли тие како им е на нивните сограѓани, кои редовно се наоѓаат во иста ситуација, користејќи го градскиот превоз?

КЛИКНЕТЕ ТУКА ЗА ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ВИДЕОТО

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Беше зависен од хероин, се предозира со лекови на 44 години: Факти за Дино Дворник, хрватскиот „крал... Дино Дворник од хрватска имаше фанови на целиот Балкан, но покрај успешната кари...
Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
Ги тресе патниците со рака, им ги мие нозете со црево – Возач на автобус во Грција стана хит на соци... „Подобро нив нека ги чисти, отколку цел автобус“ – стои во коментарите до видеот...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg