Ги тресе патниците со рака, им ги мие нозете со црево – Возач на автобус во Грција стана хит на социјалните мрежи

„Подобро нив нека ги чисти, отколку цел автобус“ – стои во коментарите до видеото објавено од Крит, на кое се гледа како возач на автобус, еден по еден ги чисти патниците од песок и им ги мие нозете со црево.

gi-trese-patnicite-so-raka-im-gi-mie-nozete-so-crevo-vozach-na-avtobus-vo-grcija-stana-hit-na-socijalnite-mrezhi-01.jpg

Во последните три месеци од Грција можевме да видиме речиси секакви видеа, а овој возач на автобус стана хит на социјалните мрежи откако се потрудил самиот сите патници да влезат чисти во неговото возило и да не му внесуваат песок.

На сите ни е јасно дека речиси е невозможно од плажа да си одиме целосно чисти и да не внесеме песок со нас, но овој возач на автобус стана вистински хит на социјалните мрежи, откако беше објавено видеото на кое се гледа како детално се погрижил за сите свои патници да влезат чисти.

Видеото е снимено на грчкиот остров Крит, a беше објавено на ТикТок и на Инстаграм профилот grckainfo.

„Сѐ и сешто може да се види во оваа наша убава Грција“ – стои во описот до видеото.

„Подобро нив, отколку целиот автобус“;

„Браво за колегата. Полесно му е надвор да ги избања, отколку да го чисти целиот автобус“;

„Им одржа лекција“ – стои во дел од коментарите до видеото.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...
„Бев на погреб во Белград, имаш девојка од 27 години лежи и последно збогум - не гледаш партија, ни ... „Кој знае колку луѓе дојдоа. Се чекаше ред. И во тие моменти сè се заборави: пол...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
„Децата ќе го исмеваат“ - Огњен Амиџиќ и сопругата се мета на критики за името на синот, Мина со хит... Долго размислував за тоа име и кога ѝ предложив на Мина веднаш ѝ се допадна. Сак...
Марија Шерифовиќ со влог од Скопје - Јаде чварки, се фали дека спие „ко топ“, не ги крие емоциите по... „Тука првпат пеевме заедно Тоше и јас. Се сеќавам и каде седеше и која песна ја ...
„Не постои противотров за него“ – Турист во Грција почина откако беше каснат од кафеав пајак Местото каде што ве каснал кафеав пајак најчесто наликува на место зафатено со г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg