Морничави видеа од вчерашниот земјотрес во Истанбул – луѓе во паника скокале од згради за да се спасат
- Детали
- четврток, 24 април 2025
Од вчерашниот земјотрес во Истанбул за среќа нема жртви, но надлежните соопштија дека се повредени околу 150 лица, бидејќи во паника скокале од згради за да се спасат.
Вчера (23.04) во Истанбул имаше земјотрес со јачина од околу 6,2 степени по Ритхер кој предизвика паника кај жителите.
Сè уште исплашени од разорниот земјотрес од 2023 во кој загинаа илјадници, многу луѓе во паника скокале од зградите за да се спасат.
Жртви за среќа, нема, но повредени се околу 150 од лицата кои скокале за да се спасат. Според последните информации, вкупниот број на повредени е над 200.
Според надлежните, нема оштетени станбени згради, единствено се срушила стара напуштена зграда.
CNN пренесува дека земјотресот траел 13 секунди, по што биле забележани над 50 афтершокови и не се исклучувала можноста да има уште.
Според неофицијални извори, многу луѓе се плашеле да се вратат во своите домови, па преноќувале во шатори по паркови и на отворени места.
На социјалните мрежи се споделуваат видеа од земјотресот. Едно од нив е направено за време на пренос во живо од телевизиско студио во Истанбул и водителката која е пред камера е видно вознемирена.
Повеќе видеа од земјотресот во продолжение:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





