Ѕирнете во луксузниот дом на „Шехерезад и Онур“ – живеат бајка, откако тој за неа ја остави бремената сопруга

Турската актерка Бергузар Корел, позната како Шехерезад, ги отвори вратите на својот дом и го покажа луксузот и топлината во семејната куќа каде живее со сопругот Халит – се заљубија на снимање на серијата „1001 ноќ“, а тој ја остави првата сопруга среде бременост, за да биде со Бергузар со која денес имаат три деца.

dzirnete-vo-luksuzniot-dom-na-sheherezad-i-onur-zhiveat-bajka-otkako-toj-za-nea-ja-ostavi-bremenata-sopruga-01.jpg

Бергузар Корел и Халит Ергенч се еден од најпопуларните турски парови, а се прославија со улогите на Шехерезад и Онур во серијата „1001 ноќ“ која кај нас се емитуваше околу 2010 година,  а во Турција порано.

Парот често е мета на будното око на јавноста и папарацо фотографите, но овој пат, актерката сама одлучи да ги отвори вратите на својот дом.

dzirnete-vo-luksuzniot-dom-na-sheherezad-i-onur-zhiveat-bajka-otkako-toj-za-nea-ja-ostavi-bremenata-sopruga-03.jpg

На Инстаграм, таа објави видео од дневната соба, во која преовладуваат природни материјали како дрво и светли, неутрални бои на кафеаво и крем.

dzirnete-vo-luksuzniot-dom-na-sheherezad-i-onur-zhiveat-bajka-otkako-toj-za-nea-ja-ostavi-bremenata-sopruga-09.jpg

„Кога одлучив да ја реновираме дневната соба, сакав дизајн кој не само што ќе биде естетски, туку и траен, удобен и безвременски. Затоа секој детаљ го бирав внимателно и резултатот е совршен“

dzirnete-vo-luksuzniot-dom-na-sheherezad-i-onur-zhiveat-bajka-otkako-toj-za-nea-ja-ostavi-bremenata-sopruga-05.jpg

Кликнете за да го погледнете видеото: 

Инаку, Бергизар и Халит се вљубиле токму на снимањето на серијата, додека Халит бил во брак со друга жена, која морал да ја остави за да започне врска со новата љубов.

Неговата прва сопруга била бремена, па откако тој решил да ја остави, абортирала, бидејќи не сакала да роди дете под такви околности.

Прочитајте повеќе: Ја оставил за „Шехерезад“ и ја натерал да абортира – Како изгледа првата сопруга на најпознатиот турски актер Халит Ергенч? (фото)

Халит и Бергузар се заедно скоро две децении, а нивната љубовна приказна започнала кога таа биле во раните дваесетти години и уште трае.

Иако се шпекулираше дека минуваат низ турбуленции, тие се посилни од кога било, а заедно имаат три деца.

Прочитајте и Од несреќен алкохоличар до најплатен турски актер – Животната приказна на Халит Ергенч

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопруга на српски пејач со емотивна исповед: „Се породив во 25-та недела, велеа бебето нема да ми пр... „Моето бебе буквално немаше шанси да преживее, а преживеа. Единственото нешто шт...
Бејби бум: 6 познати жени кај нас и во регионот кои ќе станат мајки во 2024 Сања Кужет, Тамара Чуприна, Хана Хуљиќ ќе станат мајки до крајот на оваа година....
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Лепа Брена остава без здив во бикини на Тајланд со сопругот - згодна како млада девојка и на 64 годи... Додека закрепнува од повредата на ногата, Брена ужива на Тајланд, од каде повтор...
Сопругата на Амиџиќ: „Сакам сè во врска со Огњен, но една работа најмногу“ „Ние со Огњен функциониравме по одреден систем и пред да се роди Перун, па откак...
Се огласи ќерката на Аца од „Амадеус бенд“ кој се откажа од неа: „Тој ги објави голите фотки на мајк... „Едно утро во 4 часот, веројатно пијан, ми испрати порака дека сфатил дека не го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg