Маја Шупут (45) откри дека бременоста не ѝ годела: „Зошто таа состојба не беше за мене?“
- Детали
- четврток, 10 април 2025
Маја Шупут се реализираше во улогата на мајка на 41 година, а сега откри дека иако имала лесна бременост – не уживала премногу во овој период. „Не смееш да пиеш премногу кафе, не смееш да се фарбаш, не смееш ботокс. Па, што, треба да изгледам како ‘опинок’?“, вели Маја Шупут.
Многу жени за време на бременоста минуваат низ низа предизвици и тешкотии, но хрватската пејачка Маја Шупут откри дека немала такво искуство и дека бременоста ѝ била лесна, но сепак оваа состoјба не ѝ годела.
Инаку, Маја Шупут (45), која е родена во Загреб, својата музичка кариера ја започна во 1998 година како членка на групата Enjoy, но во 2002 година започна соло кариера.
Од 2017 година е член на жирито во хрватското издание на шоуто „Supertalent“.
Маја се омажи за бизнисменот Ненад Татаринов на 12 мај 2019 година, а на 17 март 2021 година, тие добија син по име Блум. Toj сега има 4 години.
Таа постојано јавно му се заблагодарува на сопругот што придонел да добијат заедно такво чудо од дете, кое сега ѝ е најголемата среќа на светот.
Во гостување во популарниот подкаст „Маме код Лане“, Маја отворено проговори за бременоста и тоа на нејзин сосема искрен начин.
Маја Шупут за бременоста вели:
„Во бременоста никогаш не спиев попладне, никогаш не бев уморна, ниту имав мачнини.
Одев во теретана, немав ни отечени нозе, ништо.
Работев до 20 дена пред породување. Немав никакви желби за да јадам или пијам нешто конкретно.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





