Емотивна исповед на српска тенисерка (26): „На 6 години ми дијагностицираа рак кога брат ми ме удри во стомакот“
- Детали
- сабота, 29 март 2025
„Бев на море со родителите... Тогаш брат ми случајно ме удри во стомакот и почна да ме боли. По инцидентот, отидовме во Детската клиника во Белград ѝ ми дијагностицираа дека имам рак на надбубрежните жлезди“, раскажува Бојана Јовановиќ (26), која се изборила со ракот и станала професионална тенисерка.
Бојана Јовановиќ (26) е српска тенисерка, која во едно неодамнешно ТВ гостување проговори за својата тешка животна битка со ракот.
Таа гостуваше во емисијата „150 минута“, каде откри дека како 6-годишно девојче имала болки во стомакот и поради тоа родителите ја однеле на преглед, по што ѝ бил дијагностициран рак и следелa тешка битка.
Но, таа успеала да се избори и излегла како победник.
Бојана ја сподели својата животна приказна:
„Тоа ми дојде како гром од ведро небо. Беше 2004 година и бев на море со родителите.
Како мала бев хиперактивна, немав никакви проблеми. Тогаш брат ми случајно ме удри во стомакот и почна да ме боли.
Отидовме во Детската клиника во Белград (Тиршова) ѝ ми дијагностицираа дека имам рак на надбубрежните жлезди“.
Бојана тогаш била оперирана првпат и не ѝ било отстрането ништо освен туморот, но веќе наредната година болеста ѝ се вратила, па на следната операција ѝ ги отстраниле бубрегот и надбубрежната жлезда.
„Тогаш почна вистинската борба. Поминав низ неколку серии на хемотерапија, ми падна косата, па следуваше тешко враќање на училиште.
Цело прво одделение не одев на училиште, а враќањето ми падна многу тешко бидејќи доживеав тортура од децата.
Од оваа перспектива не ги обвинувам – затоа што не знаеја што се случува. Моите родители се трудеа да ме заштитат.
Сепак, да не беше сета таа борба, можеби звучи чудно, но денес немаше да бидам овде, да се занимавам со спорт и да правам некои од работите што ги правам.
Благодарна сум за сè што ми се случува.
Во еден период го мразев својот живот и се прашував зошто баш јас. Но, секогаш истакнувам колку е важна поддршката од семејството, без нив не знам како би издржала. Tие ми помогнаа да ги надминам тие мисли.
Сè се случува со причини и универзумот ни испраќа толку колку што можеме да издржиме“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





