Ја нарекуваат српската Џеј Ло, заработува и по 30.000€ од вечер - Која е првата љубов на Новак Ѓоковиќ?
- Детали
- недела, 02 февруари 2025
„Нашите патишта се разделија, Новак е дел од моето далечно минато, но за него имам само убави зборови. Денес секој има кариера, нон-стоп сме во трчање, но со насмевка се сеќавам на тој период од животот“, вели Лидија Поповиќ која е прва љубов на Ноле и вистинска спротивност на Јелена.
Лидија Поповиќ, во музичките кругови позната како Лејди Ли, е првата љубов на Новак Ѓоковиќ.
Нивната романтична приказна завршила уште пред Ноле да стане славен, но таа и сега повремено се сеќава на времето поминато со тенисерот.
Новак Ѓоковиќ од 2014 година е во брак со Јелена, со која има две деца.
Нивниот живот и брак никогаш не го следеле скандали, а тие важат за еден од најскладните и најстабилни парови не само во Србија, туку и во спортскиот свет.
Но, пред да ја почне љубовната врска со Јелена, Новак имал неколку девојки за кои се знае многу малку.
Една од нив, која се смета за првата голема љубов на Новак, е Лидија Поповиќ.
Новак и Лидија се гледале во времето пред тој да стане планетарно популарен, а според Лидија, неговата кариера е таа која најмногу влијаела да ја прекинат врската.
Па, иако Новак никогаш не ги спомнува поранешните девојки и животот пред Јелена, Лидија во медиумите неколкупати зборувала за врската со него.
„Во времето кога се гледавме, Ноле беше многу внимателен и секогаш беше насмеан. Но, во тоа време немаше обврски како сега. Сега на плеќите го носи товарот на еден од најпознатите светски спортисти.
Новак не е папучар, напротив. Го паметам како друштвен дечко, со манири на џентлмен, барем јас се сеќавам така на него“, рекла Лидија во едно интервју.
Лидија денес и самата е дел од јавната сцена. Таа работи како диџеј, а настапува под името Лејди Ли.
Исклучително многу е популарна во азиските земји, каде што, за еден свој диџеј сет во ноќен клуб заработува и по 30.000 евра.
Ја нарекуваат и „српската Џеј Ло“, бидејќи оваа фатална црнка во ликот потсетува на славната актерка и пејачка.
Лидија има направено и неколку естетски корекции, обожава да се шминка, се облекува провокативно и е целосна спротивност на Јелена.
„Нашите патишта се разделија, Новак е дел од моето далечно минато, но за него имам само убави зборови. Денес не се слушаме, секој си има своја кариера.
Нон-стоп сме во трчање, но, да бидам искрена, со насмевка се сеќавам на тој период од животот и ги паметам убавите работи“, рекла Лидија.