Аница Лазиќ (33) со саканиот Лазар Ристовски (72) на егзотичен одмор: „Ако Лазар каже Малдиви - тогаш таму одиме“
- Детали
- четврток, 30 јануари 2025
Нивната врска долго време предизвикува контроверзии поради разликата во години, но тие не се оптоваруваат. „Лазар е газда во куќа“, вели српската актерка Аница Лазиќ.
Врската на српскиот актер Лазар Ристовски (72) со 39 години помладата Аница Лазиќ, по разводот со сопругата Даница Ристовска, долго време е тема во регионалните медиуми, а сега парот ужива на Малдиви.
Тие со фотографиите оттаму се најдоа дури и на насловната страница на српскиот магазин „Hello“.
Во изјава за овој медиум, Анкица вели:
„Лазар и јас од одморот сакаме слични работи, па за сè лесно се договараме.
Иако мора да признаам дека тој полесно се одлучува за ваквите далечни дестинации, па ме наговара мене секој пат сè додека не попуштам.
Сепак, тој е газда во куќата. Ако Лазар рече Малдиви – тогаш одиме на Малдиви“.
На тема брак таа вели:
„Во папирологија не верувам. Бракот за мене е договор помеѓу двајца луѓе дека ќе работат во најдобар интерес еден за друг. Дека за партнерот ќе се грижат како да е дел од нив.
А тоа некој потпишан документ не ви го гарантира“.