Животот на Вељко Ражнaтовиќ и Богдана - имаат 3 сина, гламурот на Белград го заменија со живот на село и фарма
Вељко е посветен на семејните вредности, а Богдана е девојката која вистински успеала да го смири од прв миг.
Уште на почетокот тие наместо гламур каков што можат да си дозволат, одбраа семеен живот на село.
Вељко вели дека сака и четврто дете, но овој пат ќерка, која ќе биде татина принцеза.
Во една пригода Вељко откри дека се занимава и со сточарство и со земјоделие и дека со тоа започнал од 2018-та година, како и дека одлично заработува.
Инаку, за потсетување, Вељко беше вистински срцекршач како помлад и најдолго беше во врска со Маша Терзиќ.
По раскинувањето со Маша, Вељко го поврзуваа и со старлетите Сораја Вуќелиќ и Наташа Шавија, но на овој бурен период му дојде крај кога ја запозна поранешната кошаркарка Богдана, која ја запроси во март 2018-та година.
Вељко и Богдана се венчаа во 2019-та година, а таа на свадбата ја носеше венчаницата што Цеца ја носеше на свадбата со Аркан.
Во една пригода, неговата сестра Анастасија откри дека таа е виновна што тој конечно ја сретнал жената со која се оженил затоа што таа ги запознала. Таа ѝ пришла на Богдана на Копаоник и ѝ рекла:
„Јас мислам дека ти се супер девојка за брат ми. Тој е луд и мора да се смири, а ти си вистинската девојка за него“.
Наводно, по ова Богдана првиот пат го одбила Вељко, заради што тој станал само поупорен во освојувањето.