Браво! Српски газда им купил автомобили на најлојалните работници
- Детали
- среда, 18 декември 2024
За Милисав Новичиќ луѓето се основата на сè, па затоа своите вработени постојано ги изненадува со добри дела. Газда за медал, зарем не?
Милисав Новичиќ, основач и сопственик на фирмата „Унипромет“ во Чачак, е пример како еден газда треба да се грижи за своите работници.
Инаку, ова е компанија која се занимава со производство на заштитни огради и панели против врева на автопат.
Тој највредните и најпосветени вработени ги наградил со автомобили.
Во неговата компанија има 660 вработени и тој решил да им оддаде почит на тие со најдолг работен стаж.
На 8 луѓе им подарил автомобил како награда за 35-те години стаж поминати во неговата компанија.
Тој вели:
„Не ме интересира политика, јас секогаш си ги гледам своите деца, вработени и фирма.
Овие работници се лојални и најдобри. И порано сум правел вакви дела за нив.
Секогаш сум се трудел да ги задоволам сите во целост за ниту еден работник да не може да ми каже дека се расфрлам, додека неговите деца гладуваат. Тоа не смее да се случи“.
фото: depositphotos.com
Инаку, овој српски газда за првпат го привлече вниманието пред некоја година кога на работниците им кажал сами да си го запишат износот на својата плата, како и кога им понудил бескаматни кредити за да си купат куќа или стан.
фото: depositphotos.com
Погледнете го видеото за неговиот потег:
С. С. | Црнобело