Српска пејачка се појави во копија на легендарниот Versace фустан на Џеј Ло и стана мета на критики
- Детали
- вторник, 10 декември 2024
„Види ја, фустан од пет пари, кинеска роба, зелен фустан среде зима, не знае ни кое годишно време е...“ - Рада Манојловиќ стана мета на критики за модниот избор.
Се сеќавате ли на легендарниот Versace фустан кој Џеј Ло го направи хит пред повеќе од две децении на Grammy наградите?
Во 2000-та година таа се појави на црвениот тепих во Versace фустан во зелена боја, инспириран од џунглата, а тоа е еден од најпознатите и запамтените аутфити на сите времиња.
На модната недела во Милано во 2019 година, пак, Џеј Ло прошета по пистата во фустан креиран според легендарниот Versace фустан кој ја направи модна икона.
Сега, и српската пејачка Рада Манојловиќ инспирирана од стајлингот на Џеј Ло се појави во слична креација на промоцијата на новиот албум на пејачката Бресквица.
Но, за жал, таа доби низа негативни коментари, по кои се огласи фан на Рада кој води Инстаграм профил за нејзина поддршка.
„Ако овој фустан го облечеше Јелена Карлеуша тоа ќе беше за пофалба и ќе кажевме светска, а наша, но бидејќи тоа е Рада, тогаш е за секоја осуда и се коментира зошто копирала светски ѕвезди.
Види ја, фустан од пет пари, кинеска роба, зелен фустан среде зима, не знае ни кое годишно време е.
Ех, ова се носеше пред 20 години, ма тоа е Рада, ѝ нема помош на моден план.
Сите станавме модни експерти. Ве молам прекинете, 21-ви век е и сопствените незадоволства и комплекси време е да ги излечите“.
С. С. | Црнобело / фото: Инстаграм