„Децата ќе го исмеваат“ - Огњен Амиџиќ и сопругата се мета на критики за името на синот, Мина со хит реакција
- Детали
- петок, 06 декември 2024
„Долго размислував за тоа име и кога ѝ предложив на Мина, веднаш ѝ се допадна. Сакав да пронајдам име кое има длабоки корени во нашата традиција и некоја специфичност“, изјави Огњен Амиџиќ во една пригода.
Водителот Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Мина Наумовиќ годинава станаа родители на синот Перун.
Мина откри дека веднаш кога слушнале дека ќе имаат син, знаеле дека ќе се вика Перун, затоа што на Огњен отсекогаш му било желба ако има син да се вика така.
Инаку, синот на Огњен од првиот брак се вика Матија.
Необичниот избор на име Перун поттикна лавина реакции уште по раѓањето, а тие не стивнуваат и сега, па Мина на својот Инстаграм профил се пожали за една таква.
Таа сподели коментар кој го добила:
„Боже, детето ви е преубаво, но името е катастрофа, во живот го немам слушнато. Кога ќе порасне децата ќе го исмеваат – само славните го прават ова“.
Мина на ова ѝ порача на следбеничката: „Снежана имам нешто за вас“ и ѝ стави емотикон од среден прст, за да покаже дека не се грижи за мислењата на другите.
Во една пригода Огњен за името Перун изјави:
„Долго размислував за тоа име и кога ѝ предложив на Мина веднаш ѝ се допадна. Затоа што во морето на сè што постои сакав да пронајдам име кое е наше, кое има длабоки корени во нашата традиција и некоја специфичност.
Кога дознав за Перун, тоа беше тоа. Мене Перун ми има убава симболика, не сум слушнал некој да се вика така.
Значи, старословенско име е и има корени кај нас. Ние двајца се согласивме од прва за името“.
Инаку, парот ужива во секој миг со своето малечко, а Мина споделува фотографии од секојдневието на Инстаграм.
Парот неодамна се одлучи и за патување на Малдиви, но таму беа без малиот Перун.