Татко ѝ се самоубил, чека дете со хрватски актер – Факти за актерката Јована Стојилковиќ
Непосредно по неа, и дедото на Јована, Влајко Стојилковиќ, кој 20 години бил министер за внатрешни работи до 2000-та година си го одзел животот.
Влајко се обидел да си го одземе животот во 2002-ра година пред Собранието на Сојузна Република Југославија, дента кога бил усвоен законот за соработка со хашкиот трибунал. Тој починал два дена подоцна во Ургентниот центар во Белград.
Две години подоцна Јована ќе се соочи со уште една трагедија, кога татко ѝ Владимир Стојилковиќ си го одзел животот во станот на Нови Београд, во моментот кога бил сам.
Јована никогаш јавно не зборувала за трагедиите во нејзиниот живот, но за разлика од членовите на нејзиното семејство, за себе избрала сосема поинаква кариера.
Во 2017-та година Јована беше актуелна во јавноста кога се дозна дека е во врска со српскиот кошаркар кој игра во НБА, Богдан Богдановиќ, а имаше и гласини дека по 5 месеци врска парот се свршил.
Сепак, во моментот кога Богдан одлучил да се пресели во САД и таму да гради кариера, Јована одлучила да остане во Белград и заради тоа парот се разделиле.
Иако многумина ја убедувале дека треба да се пресели во САД, таа одбила да замине затоа што не сакала да го напушти семејството и да се откаже од кариерата.
Јована денес е во врска со хрватскиот актер Горан Богдан со кого го чека првото дете. Тие двајца живеат заедно во Белград, а се запознале на снимањето ан серијата „Сенке над Балканом“ по што кај нив брзо се родила љубов.
Инаку Јована нема профили на социјалните мрежи и не објавува фотографии од себе.
Б. С. Б. | Црнобело