Згрозувачка сцена од салон за маникир во Србија – техничарка за нокти со апел до сите

„Маникирот не го лечи проблемот, но не смее да биде причина за болест и не смеат да работат тие што не знаат“, вели Билјана Чулибрк, техничар и обучувач за маникир, која сподели вознемирувачки фотографии од состојбата на ноктите на една жена.

zgrozuvachka-scena-od-salon-za-manikir-vo-srbija-tehnicharka-za-nokti-so-apel-do-site-01.jpg

Билјана Чулибрк е сопственичка на салон за маникир во Србија, која своето знаење го пренесува и на другите техничари за маникир преку одржување на обуки.

Периодов, таа се соочила со згрозувачки фотографии од една жена, за кои јавно проговори на нејзиниот Инстаграм профил и поттикна лавина од реакции.

zgrozuvachka-scena-od-salon-za-manikir-vo-srbija-tehnicharka-za-nokti-so-apel-do-site-02.jpg

Билјана објави фотографии од оштетени нокти на жена, која барала спас од неа. Поради гној и воспаление ноктите на клиентката почнале дури да се одвојуваат од месото.

Сето тоа таа вели дека е резултат на недезинфициран прибор за работа.

zgrozuvachka-scena-od-salon-za-manikir-vo-srbija-tehnicharka-za-nokti-so-apel-do-site-04.jpg

Нејзината објава од Инстаграм Стори, која ја споделија многумина, гласи:

„Знаете колку постојано зборувам за дезинфекција и стерилизација? Колку е важна за нас самите и нашето здравје, но и за здравјето на нашите клиентки?

Многу често слушам коментари: ‘Па што, тоа е само маникир, доволен е алкохол’.

Во многу салони со истиот прибор работат постојано, пребришувајќи го само со алкохол, па ниту со тоа.

Нема свесност како правилно се прави дезинфекција и стерилизација, која е важен сегмент од моите обуки.

Маникирот не го лечи проблемот, но НЕ СМЕЕ да биде причина за болест и не смеат да работат нокти, тие што не се научени како да работат“.

zgrozuvachka-scena-od-salon-za-manikir-vo-srbija-tehnicharka-za-nokti-so-apel-do-site-05_copy.jpg

Потоа, таа додава:

„И сега да појаснам, за дезинфекција и стерилизација треба дневно да се одвои по 20 минути после секоја клиентка, што значи дека ако сакате да заработите ќе треба да ја подигнете цената.

Но, техничарите за нокти во страв да не ги изгубат клиентките одат по линија на помал отпор со мислата ‘Тоа нема да ми се случи на мене’.

A што ќе правиме ако ви се случи? Затоа јас ги учам моите ученици да ја ценат својата работа, вложените пари во едукација и прибор“.

zgrozuvachka-scena-od-salon-za-manikir-vo-srbija-tehnicharka-za-nokti-so-apel-do-site-02_2.jpg

zgrozuvachka-scena-od-salon-za-manikir-vo-srbija-tehnicharka-za-nokti-so-apel-do-site-04_1.jpg

zgrozuvachka-scena-od-salon-za-manikir-vo-srbija-tehnicharka-za-nokti-so-apel-do-site-03.jpg

Прочитајте и Македонскиот фризер Зоки Давитков: „Преку глава ми е да работам со луѓе кои не знаат како да се однесуваат кога одат на фризер“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Србинка во солзи: „Ова ти е Америка - работиш за да умреш сам“ „Ова ви е Америка. Моментално сум пред болница. Моја колешка од работа која има ...
Локал во Белград е како сцена од празнична бајка Годинава повторно се хит црвените лампиони и класичните зелени елки и, се разбир...
Милје, машина за шиење: Kуќата на една бабичка (83) од Србија ќе ви врати спомени „Мојата баба е жена која има 83 години и иако не се школувала доволно, таа е инт...
По судењата против професорот кој ја силувал, Милена Радуловиќ во Шпанија – ја освои публиката, ужив... Глуми девојка со лузна, чија единствена цел е одмазда. Во слободно време ужива н...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Бившиот на Цеца очекува бебе со некогашната Мис Србија – се венчаа неодамна, таа е во добар однос со... Со фотка на која ѝ го бакнува трудничкото стомаче и ехо снимка, Богдан Срејовиќ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg