Мајка ѝ не сакала да ѝ помогне, Цеца ѝ го плати лекувањето – Тажната приказна на Исидора Бјелица
На 27 години, Исидора се омажила за професорот по драматургија Небојша Пајкиќ, кој бил 14 години постар од неа. Од бракот со него ги добила синот Лав Григориј и ќерката Вила Евангелина.
Често имаше гласини дека парот се разведува, но сопругот остана со неа до последниот здив и ѝ беше најголема поддршка.
Во 2012-та година на Исидора ѝ бил дијагностициран рак, заради што ѝ биле отстранети јајчниците, матката и слезинката. Таа тогаш туморот го нарече „елегантно самоубиство“, а за да го плати лекувањето во странство, морала да продаде околу 3.000 ретки книги од својата колекција.
Во 2015-та година, во голем дел од српските медиуми беше објавено дека Исидора добила голема поддршка од фолк-дивата Цеца Ражнатовиќ која ѝ беше блиска пријателка и која ѝ го платила лекувањето во Лондон.
При крајот на животот Исидора прозборе за комплицираниот однос со нејзината мајка и рече дека отсекогаш била поблиска со татко ѝ, отколку со мајка ѝ. Таа во едно од последните интервјуа рече:
„Цел живот страдам заради тоа. Јас бескрајно ја сакам мојата мајка и токму заради тоа сето тоа толку многу ме боли. Од нејзината точка на перцепција, веројатно сето тоа е во ред, но јас не сум личност која се глупира и лаже. Јас мојата душа ја отворив пред сите, затоа што сум писател.
Како да не ве боли кога мајка ви оди на одмор додека сте на хемотерапија, или ако ви каже дека не вреди да го продаде станот за вашето лекување, затоа што дијагнозата е многу лоша? Или ако ѝ каже на братучетката дека таа треба да се ’грижи за внуката, ако ќерка ми умре‘, или кога целото наследство од дедо ви ќе го остави на синот, како да нема ќерка и внуци?
Цел живот ја сакам и се обидувам да ја разберам, но откако и сама станав мајка, тогаш сфатив дека не ја разбирам“ – изјави таа.
Исидора почина во август 2020-та година на возраст од 53 години. Меѓу првите што се простија од неа, беше токму Цеца Ражнатовиќ, која беше со неа за време на целата борба.
Б. С. Б. | Црнобело