Данијела Димитровска во кабриолет со Никола Којо – Се снима нов дел на „Жикина династија“
- Детали
- среда, 18 септември 2024
„Едвај чекам да видите што ви подготвувам“ – напиша Данијела Димитровска до објавата на која се гледа видеото од снимањето на новото продолжение на „Жикина династија“. Поранешната сопруга на Огњен Амиџиќ за првпат ќе се оствари во улога на актерка.
Сите љубители на хит серијалот од 80-тите години „Луде године“, или попознати како „Жикина династија“, сигурно ќе се израдуваат од веста дека се снима ново продолжение, а во главните улоги повторно се враќа Никола Којо, кој и овојпат ќе ја толкува улогата на Миша Павловиќ.
Освен Којо, во серијата се појавува и атрактивната српска водителка и манекенка со македонско потекло Данијела Димитровска.
Таа на својот Инстаграм профил сподели едно кратко видео од снимањето на продолжението на култниот серијал, коешто е насловено „Povratak Žikine dinastije“.
„Животот овие денови. Едвај чекам да видите што сè ви подготвувам во наредниот период, стискајте ми палци сè да пројде добро“ – напиша таа.
Инаку, се очекува 11-тото продолжение на серијалот да излезе во 2025-та година, а во главните улоги, повторно ќе се најдат Владимир Петровиќ како Боба, но и Весна Чипчиќ во улогата на Елза.
Никола Којо по 30 години повторно ќе го игра ликот на внукот на Жика и Милан, Миша Павловиќ.
Нему, во Србија на гости му доаѓаат синовите кои ги носат имињата на нивните дедовци Жика и Милан, а живеат со Наташа во Москва.
Миша со Русинката Наташа
Со доаѓањето на двајцата наследници на легендарните сватови, повторно започнуваат низа перипетии и авантури коишто ќе ве насмеат до солзи.
На Инстаграм веќе се објавени првите фотки од снимањето на серијата.
Кликнете на стрелките од објавата за да ги погледнете:
Б. С. Б. | Црнобело