НБА ѕвездата Никола Јокиќ и сопругата чекаат второ дете: Наталија снимена во Србија со трудничко стомаче (видео)
- Детали
- среда, 19 јуни 2024
Српските медиуми објавија видео на кое се гледа трудничкото стомаче на сопругата на Никола Јокиќ, додека со пријателка се шета низ родниот Сомбор.
Еден од најдобрите НБА кошаркари во моментов, Србинот Никола Јокиќ, и неговата сопруга Наталија, наскоро ќе го добијат второто дете.
Парот во моментов е во Сомбор, во нивниот роден град, а српските медиуми објавија видео на кое Наталија се шета низ градот со пријателка и носи тесен бел фустан, под кој се гледа трудничкото стомаче.
По ова почнаа пишувањата дека кошаркарот повторно ќе стане татко.
Никола и Наталија досега не ја потврдиле бременоста, и не споделиле ништо на социјалните мрежи.
Тие веќе ја имаат ќерката Огњена, која се роди во 2021 година.
Парот е во врска од 2013 година, а се запознале на 17-годишна возраст и оделе во исто средно училиште. Се свршија во јануари 2020 година, а се венчаа истата година во октомври во родниот Сомбор.
Оттогаш, Никола не се одвојува од бурмата, дури ниту кога е на терен - тогаш ја врзува на врвца од патиката, зашто кошаркарите не смеат да носат никаков накит на натпреварите.
Јокиќ важи за скромно момче, има свој ранч со коњи во Сомбор и често вели дека повеќе сака да поминува време со семејството и коњите во Србија, отколку да оди на луди забави во Америка со останатите кошаркари.
Погледнете го видеото:
Прочитајте и Љубовната приказна на Никола Јокиќ - во сопругата се заљубил на прв поглед во средно, од бурмата не се одвојува ниту на терен
А. Ј. | Црнобело