Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уништи бракот на Карлеуша
- Детали
- вторник, 17 септември 2024
Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле сите освен Душко. Кога тој за Нова година се вратил дома го дочекал „студен туш“: 1.001 роза за неговата сопруга и телефон полн со скандалозни преписки и фотографии – Се сеќавате ли на аферата која ѝ го уништи бракот на Карлеуша?
Разводот на Јелена Карлеуша (46) и Душко Тошиќ (39) е топ тема во сите медиуми во регионот деновиве, откако по речиси две години скандали, јавни прозивки и напади, парот стави потпис на спогодбеното решение.
Се чини дека разделбата беше неминовна, а сè започна уште во 2019-та година, кога Јелена се најде среде скандал заради афера со колега на Душко.
Знаете ли кој беше фудбалерот, за кого Јелена тврдеше дека ја уценувал да се разведе од сопругот?
Во продолжение повеќе детали за аферата на Јелена со 11 години помладиот фудбалер, со кого таа го изневери Душко:
На почетокот на 2019-та година Јелена Карлеуша се најде среде скандал кога на социјалните мрежи и во медиумите беа објавени принтскринови од нејзиниот разговор со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, на кои пејачката беше целосно гола и на една од нив се самозадоволуваше.
Во тој период фотките се најдоа во речиси сите српски таблоиди, а освен тоа беше објавена и фотка на која Карлеуша е заедно со младиот фудбалер на прошетка низ Атина.
Таа тврди дека тоа била само мини „авантуричка“ во која била наместена и фотографирана без нејзино знаење и која ја направила само за да му се одмазди на сопругот по гласините дека ја изневерува. Но, според српските таблоиди тоа воопшто не било така.
Огњен и Душко се познавале од претходно. Тие биле колеги во ФК Црвена ѕвезда, а еден период заедно играле и во Турција.
Во 2016-та година Јелена веќе 10 години била во врска со Душко, од кои 8 години биле во брак. Но, во тој период повеќе време била сама, отколку со сопругот кој напорно работел на својата кариера.
Огњен Врањеш, пак, во тоа време бил оженет со сопругата Данијела, но многу почесто бил гостин на белградските сплавови, отколку што бил со сопругата.
Јелена и 11 години помладиот Огњен се запознале на Инстаграм, а потоа сè почнало да се одвива мошне брзо.
Прво се гледале на тајни локации, но набрзо потоа станале посмели. Јелена често одела да го посетува љубовникот во Атина, каде што тој играл во тој период, па токму таму биле направени фотките што тој ги објави подоцна.
Извори блиски до нив, тврдеа дека Огњен редовно ја посетувал Јелена во нејзиниот семеен дом кога Душко бил на пат.