Гласини за врска со Милан Мариќ, добила награда за женска храброст – Факти за ќерката на Драган Бјелогрлиќ, Миа
Во периодот кога филмот „Тома“ стана вистински хит во регионот, српските таблоиди почнаа да пишуваат за наводната врска на Миа со главниот актер во филмот Милан Мариќ.
Милан важи за еден од најпосакуваните српски ергени, но познато е дека и тој како и Миа, се труди приватниот живот да го сокрие од јавноста.
Па така, во последните години, тие двајца никогаш не потврдија дали навистина се во врска, но тоа не ги спречи колегите на Миа да пишуваат долги статии за тоа како тие двајца наводно се запознале на снимањето на филмот, меѓу нив се родила љубов и набрзо започнале врска.
Некои одеа дотаму што тврдеа дека Драган отворено се противел на нивната љубов, но ним не им било грижа.
Како и да е, во август годинава веќе почнаа да кружат написите дека парот наводно раскинал.
Неодамна Миа се појави на настан во Белград со татко ѝ и брат ѝ, а како и секогаш успеа да измами воздишки со својата вонвременска убавина и елеганција.
Погледнете уште неколку фотки од Миа во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм