Србинка мажена за милијардер се породи со 5-тото дете: „Сопругот ми велеше да го покријам стомакот“
- Детали
- петок, 23 август 2024
„Супер, сфативме дека телото не ти се менува по бременоста!“ - Србинката мажена за казахстански милијардер, Милица Полскаја се соочува со критики, откако веднаш по породувањето со петтото дете почна секојдневно да објавува фотки во кои се фали со својата топ форма.
Инфлуенсерката со српско потекло Милица Полскаја со години наназад го привлекува вниманието во регионалните медиуми заради раскошниот начин на живот, и заради тоа што го крие лицето на нејзиниот богат сопруг.
Таа неодамна се породи со петтото дете и на свет ја донесе ќерката на која со сопругот одлучија да ѝ го дадат името Елизабета.
За време на бременоста, Милица по примерот на Ријана и други светски познати личности, често позираше со разголениот труднички стомак на Инстаграм, а се жалеше, дека нејзиниот сопруг постојано ѝ велел да си го покрие стомакот.
„Сопругот ми вели: ‘Брзо сликај се додека нема никого, па покриј го стомакот’. А јас баш сакам да го покажувам. Како се облекувавте вие во бременоста? Во минатото секогаш сакав да се кријам, но сега е обратно“ – рече таа.
Откако се породи, Милица веднаш почна пак да се фотографира и ги изненади сите со тоа како изгледа само неколку денови по породувањето.
Само 7 дена откако на свет ја донесе петтата ќерка, Србинката позираше во тесен розов фустан и се пофали дека бременоста врз неа не оставила никакви траги.
Набрзо потоа таа објави уште едно видео на кое позира во златен бикини костим за капење, на кое позира со бебето во раце, а се пофали дека еден месец по породувањето е во топ форма.
Инаку, Милица често е мета на критики на социјалните мрежи, каде што ја обвинуваат дека поставува нереални стандарди за убавина на девојките и жените, а според други пак, лесно е да изгледаш така кога имаш многу пари.
„Кому му е воопшто важно како некој изгледа? Што е со вас? Најважно е да сме здрави, па затоа треба да вежбаме и да бидеме активни, сите имаме различни генетски предиспозиции“;
„Супер, сфативме дека имаш добра генетика и дека телото не ти се менува по бременоста. Не гледам потреба тоа да се потенцира секој ден“ – стои во дел од коментарите.
Милица Полскаја е студентка од Ниш на која животот целосно ѝ се промени откако стапи во брак со казахстански милијардер.
Таа најчесто го крие ликот на сопругот, но во бременоста објави кратко видео, во кое може да се види дека не го крие затоа што е стар или грд, како што многумина си претпоставуваат, туку заради тоа што се труди да ја сочува неговата приватност.
Погледнете уште неколку фотки од Милица пред и по породувањето:
Б. С. Б. | Црнобело