Никола Роквиќ го трансформираше телото: Симна 7kg, намали 20cm во обем и изгледа како друг човек
- Детали
- четврток, 22 август 2024
„2 години, 300 тренинзи за сила и поминати 6.300km. Исхраната е наука за себе. 95kg vs 102kg. Не чекај, се ближи следниот понеделник, можеш да почнеш и ти“ напиша Никола Роквиќ и објави фотки од трансформацијата на телото.
Српскиот пејач Никола Роквиќ на својот Инстаграм објави фотографии од трансформацијата на телото, која успеал да ја направи за околу 24 месеци.
Тој објави две фотографии - едната направена пред 2 години, а другата сега, на која се гледа драстична разлика.
На старата фотка Никола има заоблено стомаче, слаби раце и буцкасти образи.
Но, на новата, рацете му се мускулести, лицето му е ослабено, а стомакот му е дефиниран со мускули.
Во коментарот на Инстаграм, пејачот вели дека разликата е само 7 килограми:
„2 години, 300 тренинзи за сила и поминати 6.300km. Исхраната е наука за себе. 95kg vs 102kg. Не чекај, се ближи следниот понеделник, можеш да почнеш и ти“ напиша Никола.
Пејачот ослабе многу минатава пролет, кога помина преку 1.100km пеш од Белград до островот Егина во Грција, но, сега го врати телото во одлична форма.
Тој оди во теретана, тренира кик-бокс и трча, а има и тренизи за сила.
Иако не откри каков е точно неговиот режим на исхрана, Никола неодамна кажа дека за појадок често јаде овошна салата, за ручек комбинира киноа со зеленчук, а вечерата му е пилешко со салата, но и дека практикува балансирана исхрана од протеини, јаглехидрати и растителни масти.
На овој начин намалил 20cm во обем и голем дел од салото што го имал со години.
Пејачот вели дека се труди да не ги пропушти тренинзите.
Тој често објавува фотки од теретана од хотелите во кои престојува кога е на патување или кога има концерт во друга држава.
А. Ј. | Црнобело