Деца на балканските ѕвезди кои живеат скромно: Не одат во приватно училиште, не користат социјални мрежи
- Детали
- недела, 11 август 2024
Гоца Тржан ја отпишала ќерката од приватно училиште, Златан Ибрахимовиќ не им дозволува на децата да користат социјални мрежи, а Јелена Ѓоковиќ не сака нејзините деца да „трчаат“ по материјални работи.
Некои од децата на познатите личности уживаат во благодетите кои нивните родители им ги овозможиле, но колку сето тоа да изгледа бајковито, еден ден истото може да им „се удри“ од глава.
Многу од познатите личности во Србија се трудат своите деца да ги насочат на поинаков пат за да останат приземјени, и покрај гламурот и луксузот кој ги опкружуваат.
Прочитајте кои српски јавни личности прават сè за нивните деца да останат едноставни, а богатството да не им е најважното нешто во животот:
Актерите Слобода Мичаловиќ и Војин Четковиќ своите ќерки ги кријат од јавноста
Уште кога ги добија близначките, познатите актери одлучија да не ги покажуваат ни на социјалните мрежи, ни да зборуваат за нив во медиумите, па ретки се ситуациите во кои може да се види како, всушност, изгледаат нивните ќерки Вера и Мила.
Слобода своевремено изјавила дека нивна цел било да ги заштитат девојчиња од светот во кој живеат нивните родители, односно да не им се наметнува прерано тоа што го носат медиумите и популарноста.
Тие, исто така, често одат на имотот кој го имаат во селото Чортановци, каде децата навистина уживаат - прават скара, се дружат со други деца, ја истражуваат природата и сѐ останато.
Гоца Тржан ја префрлила ќерката од приватно во државно училиште
„Нема да плаќам приватно училиште, зашто не сакам дете кое утре ќе биде неспособно за живот, јас не сакам наркоманка", изјавила Гоца во едно свое интервју, а оваа нејзина реченица предизвикала бура реакции во јавноста.
Пејачката истакнала дека во приватните училишта не се добива поинакво образование отколку во државните, а дека таа сака нејзината ќерка Лена сама да си го носи ранецот до училиште, наместо шофер кој секојдневно ќе доаѓа по неа.
Гоца додала и дека сака Лена да има училишни пријатели кои се од маало во кое живее.
Саша Поповиќ оставил ќерката сама да реши со што ќе се занимава
Александра Поповиќ, ќерката на музичарот и сопственик на Гранд продукција, Саша Поповиќ, и пејачката Сузана Јовановиќ, никогаш не сакала јавно да се експонира.
Шоу-бизнисот и естрадата не ја интересираат, иако таа студирала продукција. Но, го напуштила факултетот за да се посвети на сопствениот бизнис, кој нема врска со професијата на нејзините родители.
Александра и покрај можноста да учи каде сака, завршила курс за маникир.
За својот 18-ти роденден не сакала гламурозна прослава, како децата кои имаат славни и богати родители, туку прославила само во кругот на семејството.
фото: Инстаграм
Јелена Ѓоковиќ не сака нејзините деца да се фокусираат на материјални работи
Сопругата на Новак смета дека секој родител сака да направи сѐ што може најдобро за своето дете, но прашање е дали му пристапува на детето на најдобар начин.
Нејзина главна цел е да ги научи децата на вистинските вредности: семејство, мир, слога, склад и безбедност во домот, а не да бараат исклучиво материјални работи.
Златан Ибрахимовиќ не им дозволува на децата да користат социјални мрежи, а интернетот им е ограничен
Причината што фудбалскиот ас го направил ова е затоа што не сака до нив да доаѓаат лоши вести и непроверени информации.
Исто така, тој не сака ни да ги експонира јавно.
„Не станува збор за тоа дека ги држам под стаклено ѕвоно. Јас имам одговорност да ги изведам на прав пат, а тие ќе продолжат како сакаат штом ќе застанат со двете нозе на земја", истакнал фудбалерот во неговата автобиографска книга Adrenalin.
фото: Инстаграм
С. Ш. | Црнобело