„Наплаќа како да е Чолиќ“ – Колку заработува Десингерица од настапите на кои ги мава децата со патики?
- Детали
- среда, 24 јули 2024
„Сопствениците на клубовите почнаа ненормално често да го канат да настапува, затоа што видоа дека лесно може да го наполни клубот“ – вели извор близок до Десингерица за српските медиуми и откри колкав е хонорарот што тој го добива за скандалозните настапи.
Српскиот рапер Драгомир Деспиќ, попознат како Десингерица, во последните неколку месеци крена вистинска прашина на нашите простори.
Родителите се згрозени од неговото однесување, а децата го идолизираат… Српските портали, пак пишуваат дека за скандалозните концерти наплаќа како да е Чолиќ.
Удирање на публиката со патика по глава, плукање во уста, фрлање кори од пита, рендање кашкавал... Сето ова е „нормална“ појава на концертите на Десингерица, од кои голем дел од јавноста е згрозена.
Но, за својот перформанс и пеењето, како пред публиката во регионот, така и пред нашата македонска публика, раперот ставил висока цена, која му овозможува живот на висока нога.
Пред неколку месеци, тој се пофали дека си купил автомобил Mercedes Benz G800 BRABUS, кој на ново се продава и по неколку стотици илјади евра.
Извор близок до Десингерица за српските медиуми тврди дека раперот зема огромни пари за секој настап и дека секогаш пее на плејбек.
„Сè започна од оние патики и од удирањето. Тогаш сопствениците на клубовите почнаа ненормално често да го канат да настапува, затоа што видоа дека лесно може да го наполни клубот.
Децата и тинејџерите 'откачија' по него.
Во почетокот земаше по 500 евра од настап, а сега заработува како да е Чолиќ.
Како што слушнав од неговите другари, сега хонорарот му е некаде помеѓу 10.000 и 15.000 евра. Тоа се огромни пари.
Има закажано настапи до крајот на годината, а летната сезона му е најјака“ – вели изворот.
За потсетување, неодамна Десингерица имаше свој настап во Црна Гора, каде што освен што ги маваше децата со патики, тој фрлаше и јајца врз нив, им рендаше кашкавал врз главата, фрлаше кори за пита...
По овој настап се огласи и Црногорското министерство за култура и медиуми, кое го осуди секој вид уметничко изразување што промовира насилство, нетолеранција, непочитување на човековите права и дискриминација од кој било вид.
„Културната сцена на нашата држава треба да биде простор за позитивни и конструктивни пораки и содржини, што ќе придонесе за развој на општеството и унапредување на културното наследство“ – стоеше во соопштението.
Прочитајте и Им плука на девојките во уста, ги мава децата со патики на концерти – Згрозена сум од идолите на младинава
Б. С. Б. | Црнобело