Ален Исламовиќ настапи во инвалидска количка: „Не сакав да го пропуштам ова“
- Детали
- четврток, 18 јули 2024
„Со скината Ахилова тетива и извршена операција во Сомбор, стигнав на концерт“ – појасни некогашниот пејач на „Бјело дугме“ кој пред своите верни фанови настапи во инвалидска количка.
На социјалните мрежи брзо се прошири видео снимката на која се гледа дека некогашниот пејач на бендот „Бјело дугме“, Ален Исламовиќ, во понеделникот (15.07) пред својата публика настапи во инвалидска количка.
Видео снимката е од концертот во Тиват, каде тој настапил пред многубројната публика, а на својот Јутјуб канал тој објави подолго видео на кое се гледа како фановите во еден глас со него пееле некои од најголемите екс ЈУ хитови.
Во неговото видео не се гледа дека пејачот е во количка.
Но, на социјалните мрежи се појави уште едно кратко видео, во кое се гледа дека пејачот е во инвалидска количка.
Босанскиот музичар е снимен како изведува еден од неговите најпознати хитови, „Ружица си била“, а многумина се изненадени и се прашуваа што се случило и зошто морал да настапи во количка.
По големиот број прашања упатени за неговата здравствена состојба, Ален на Фејсбук кратко појасни што му се случило.
Иако лекарите му препорачале строго мирување, Ален не сакал да ја пропушти можноста да настапи пред својата публика.
„Со скината Ахилова тетива и извршена операција во Сомбор, стигнав на концерт, затоа што не сакав да ја пропуштам оваа прекрасна ноќ“.
По објавеното видео, тој доби голем број позитивни коментари и пофалби за посветеноста кон публиката и љубовта кон неговите верни фанови.
Погледнете го видеото од настапот на Ален:
@andjelabulajic ♬ original sound - Andjela Bulajic
Б. С. Б. | Црнобело