Потекнува од Кипар, пееше на Евровизија: Која е Иви Адаму, една од најпопуларните (и најзгодните) пејачки во Грција?

Иви Адаму е една од најпопуларните пејачки во Грција, а всушност потекнува од Кипар. Во брак е со познат грчки рапер, со кого има и ќерка, а низ годините има освоено бројни музички награди.

poteknuva-od-kipar-peeshe-na-evrovizija-koja-e-ivi-adamu-edna-od-najpopularnite-i-najzgodnite-pejachki-vo-grcija-01.jpg

Иви Адаму која е родена на Кипар, а живее во Грција, моментално е една од најпознатите пеачки во нашиот јужен сосед.

30-годишната пејачка има импресивна кариера и во Грција честопати е нарекувана и „поп кралица“.

Активна е уште од 2009 година, а има освоено и неколку музички награди.

Неколку факти за талентираната Иви Адаму:

Родена е во 1993 година на Кипар. Нејзиниот татко е со грчко и кипарско потекло, додека мајка ѝ е од Бугарија.

Првпат застанала на сцена на само 9-годишна возраст, кога се пријавила на музички натпревар и победила.

По ова, талентот на Иви станал очигледен, па таа почнала да оди на часови по музичко и пеење, се пријавувала на други натпревари и освоила неколку награди.

На 15-годишна возраст, Иви одлучила да се пријави на The X Factor. А, за да може да присуствува на натпреварот, редовно патувала на релација Кипар-Грција.

Иви го освоила шестото место на натпреварот, но ова било доволно јавноста да а забележи. Всушност, Иви била еден од фаворитите за победа.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Србинка (77) има 35 години помлад сопруг: „Привилегија е да имате млад маж - патуваме со кампер, тој... Сопругот (41) разголен ѝ приготвува риба во кампер, таа изгледа неверојатно и на...
Се преполови поради болеста, сакал да биде фудбалер: Животот на еден од најбогатите луѓе на Балканот... Кога пред неколку месеци Саша Поповиќ дозна дека има сериозен здравствен проблем...
Опасни животни што живеат во плитките води во грчките мориња – на што треба да внимавате? Освен што треба да се пазите од виолетови медузи и дракони, треба да внимавате и...
По 25 години љубов, се разведува најубавиот српски политичар Чедо Јовановиќ: „Звучи лудо, но и понат... „Имавме 25 години безусловна љубов, нешто што некои луѓе само го сонуваат, а јас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg