Накратко затворен граничниот премин „Богородица“, поради пожар на грчката страна

Фотки на кои се гледа пожарот и густиот чад кој се крева на граничниот премин Евзони меѓу Македонија и Грција. На надзорните камери од македонска страна можеа да се видат голем број камиони и возила кои чекаат огнената стихија да биде изгасена за да го продолжат патувањето.

zatvoren-granichniot-premin-evzoni-vo-grcija-se-cheka-da-se-izgasi-pozharot-od-grchkata-strana-01.jpg

Граничниот премин Богородица помеѓу Македонија и Грција накратко беше затворен за сообраќај, заради пожар кој избувнал од грчка страна.

zatvoren-granichniot-premin-evzoni-vo-grcija-se-cheka-da-se-izgasi-pozharot-od-grchkata-strana-02.jpg

Како што пренесуваат грчките медиуми, пожарот избувнал денес (17.07) околу пладне, односно во 11 часот по наше време, а истовремено граничниот премин целосно бил затворен за сообраќај и од македонска и од грчка страна.

zatvoren-granichniot-premin-evzoni-vo-grcija-se-cheka-da-se-izgasi-pozharot-od-grchkata-strana-03.jpg

Гореше тревна површина, но локалните власти се обидуваа да дејствуваат брзо заради страв дека пожарот може да се прошири на шумските предели во близина.

zatvoren-granichniot-premin-evzoni-vo-grcija-se-cheka-da-se-izgasi-pozharot-od-grchkata-strana-04.jpg

На социјалните мрежи веќе се споделуваат фотографии од пожарот, а на надзорните камери од граничниот премин Богородица, од македонска страна можеа да се забележи долги колони возила кои чекаа пожарот да биде изгаснат за да можат да преминат на другата страна.

zatvoren-granichniot-premin-evzoni-vo-grcija-se-cheka-da-se-izgasi-pozharot-od-grchkata-strana-05.jpg

zatvoren-granichniot-premin-evzoni-vo-grcija-se-cheka-da-se-izgasi-pozharot-od-grchkata-strana-06.jpg

Според грчките медиуми,  на гаснење на пожарот работеле 20 пожарникари со 10 противпожарни возила и хеликоптер.

Според последните информации пожарот е стабилизиран, а протокот на возила бил овозможен околу 13 и 30 часот.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Млад брачен пар од Србија заедно вози камион во САД: „Некогаш е тешко што сме постојно затворени во ... „Откако ќе добиете документи, после само полагате испит за возачка за камион што...
Непропуштен пешак – 200 евра, непрописен паркинг – 40 евра: За што може да ве казнат во Грција и да ... Законите за сообраќај во Грција се во голема мера построги од законите кај нас и...
Грција одобри истополови бракови и посвојување деца од геј паровите, но не и сурогат мајчинство „Грција е првата православна земја која одобри истополови бракови“. Во оваа насо...
Колку ќе ве чинат патарините до различни дестинации во Грција по поскапувањето? Според новиот ценовник, првата патарина по граничниот премин Евзони е поголема з...
Опасни животни што живеат во плитките води во грчките мориња – на што треба да внимавате? Освен што треба да се пазите од виолетови медузи и дракони, треба да внимавате и...
Карлеуша во нова „војна“ со Душко Тошиќ - помалата ќерка застана на страната на мајка си „Би ја замолила ‘другата страна’, наместо дополнително да нè срами во медиумите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg