Хит видео од плажа во Пефкохори: „Лани им ги фрлив сите сламарици со кои си чуваа место преку ноќ“

„А во Пефкохори ништо ново - и понатаму со простирки се чува место преку ноќ“, пишува на видеото споделено на српскиот Инстаграм профил Nikana.gr, кое предизвика голема дебата во регионот.

hit-video-od-plazha-vo-pefkohori-lani-im-gi-frliv-site-prostirki-so-koi-si-chuvaa-mesto-preku-nokj-01.jpg

Лежалките кои преку ноќ стојат на јавните плажи во Пефкохори и „чуваат место“ за нивните сопственици за следниот ден, предизвикаа дебата на социјалните мрежи.

Ова се случи откако на Инстаграм беше објавено видео од плажата која е преполна со простирки, пешкири, па и издишан душек, а врз кои има големи камења, за да ги држат, да не „летнат“ во текот на ноќта.

„А во Пефкохори ништо ново - и понатаму на овој начин се чува место преку ноќ“, пишува на видеото споделено на Инстаграм.

Видеото предизвика поделени реакции во јавноста.

hit-video-od-plazha-vo-pefkohori-lani-im-gi-frliv-site-prostirki-so-koi-si-chuvaa-mesto-preku-nokj-04.jpg

Едни велат дека не е ништо страшно што луѓето си ги оставаат асурите и пешкирите за да имаат каде да се сместат следниот ден бидејќи плажата е мала.

Други се револтирани бидејќи поради несовесните туристи, кои мислат само на себе, немаат каде да се сместат кога ќе дојдат на, и онака малата градска плажа.

„Јас лани сè тоа собрав, фрлив во канта и ај чао“, вели жена, која доби и пофалби и критики за својата реакција.

„Се залепиле луѓето за Пефкохори ко да е Азурен брег. A всушност е еден голем панаѓур. Толку подобри места има, помирни, почисти и со помалку гужва на цел Халкидики“, стои во друг коментар.

„Ова е срамота. Лани беше вака и во Полихроно“.

„Што да прават луѓето кога е мала плажичка и за пола саат се полни“.

hit-video-od-plazha-vo-pefkohori-lani-im-gi-frliv-site-prostirki-so-koi-si-chuvaa-mesto-preku-nokj-03.jpg

Но, имаше и хумористични коментари:

„Добро е што не си оставиле пешкири од лани“.

„Барам работа - чувар на пешкири. Локација Пефкохори - Ханиоти! Препорачајте ме“.

„А можеби ќе има јога час на полноќ“.

„Станувам во 5 на одмор за да си фатам место“.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...
Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...
Петар Грашо и Хана добија син, му го дадоа името што го планирал со Данијела Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ го добија второто дет...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
„Те сакам, сине“: Татко напиша порака во снег пред Детската клиника во Белград Пораката што таткото ја напиша во снегот за своето болно дете, предизвика многу ...
Гласини дека е во врска со Марија Шерифовиќ откако беа заедно на одмор – Која е Јована Пајиќ? „Да бевме заедно на летување. За тоа зборуваме и прикажуваме само толку колку шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg