Апокалиптични сцени од Грција: Пожари на островите Хиос и Кос, туристите спијат на фудбалски стадион (фото+видео)

Исто како лани, Грција се соочува со силни пожари, кои годинава се очекува да предизвикаат уште поголема штета. Викендов гореа неколку области околу Атина, а моментално ситуацијата е најлоша на островите Хиос и Кос, каде што туристите и локалците веќе се евакуирани.

apokaliptichni-sceni-od-grcija-pozhari-na-ostrovite-hios-i-kos-turistite-spijat-na-fudbalski-stadion-foto-video-01.jpg

Во летниот период, пожарите се очекувана појава. Но, се чини дека секоја година стануваат сè посилни.

Грција е една од земјите кои редовно се соочуваат со пожари, а лани многу делови од земјата претрпеа голема штета.

Сега, јужниот сосед повторно е во иста, можеби и полоша ситуација.

На 30-ти јуни, грчките медиуми споделија дека има пожари во околината на Атина.

Изминатата зима беше една од најтоплите во Грција досега, а летните горештини почнаа многу порано, со температури до 44 степени Целзиусови на некои места.

apokaliptichni-sceni-od-grcija-pozhari-na-ostrovite-hios-i-kos-turistite-spijat-na-fudbalski-stadion-foto-video-6.jpg

Ова, заедно со силните ветришта и недостатокот од дожд, создаде услови за пожар и негово брзо ширење.

Во неделата (30.06) биле евакуирани најмалку осум области во близина на престолнината на Грција, а пожарите оштетиле и домови и автомобили.

Ништо подобро не е ни на грчките острови.

apokaliptichni-sceni-od-grcija-pozhari-na-ostrovite-hios-i-kos-turistite-spijat-na-fudbalski-stadion-foto-video-04.jpg

Исто во неделата, пожар избувнал во индустриска зона во близина на островот Евија, а подоцна и на грчкиот остров Серифос, каде што биле оштетени куќи, складови и цркви.

Севкупно, викендов избувнале над 40 пожари на различни места во Грција, а моментално најлоша е ситуацијата на островите Хиос и Кос.

На Фејсбук групата „Грчка инфо“ беа споделени фотографии од Кос, каде што локалците и туристите биле евакуирани.

apokaliptichni-sceni-od-grcija-pozhari-na-ostrovite-hios-i-kos-turistite-spijat-na-fudbalski-stadion-foto-video-0.jpg

Фотки и видеа се споделуваат и на Твитер, каде што некои корисници кои се во Грција открија дека повеќето евакуирани туристи и локалци се на фудбалски стадион.

Пожарите на островите горат од понеделникот, а над 100 пожарникари, како и 11 авиони се борат против стихијата.

Како што вели премиерот на Грција, ова е најтешкиот период од годината за Грција:

„Се очекува летово да биде особено опасно (поради пожарите), а најтешките времиња се пред нас.

Имавме особено тежок јуни во однос на временските услови, со голема суша и невообичаено силни ветришта за ова сезона“.

apokaliptichni-sceni-od-grcija-pozhari-na-ostrovite-hios-i-kos-turistite-spijat-na-fudbalski-stadion-foto-video-03.jpg

Наводно, надлежните однапред се подготвиле за „сезоната на пожари“, откако ланската стихија беше одговорна за смртта на над 20 луѓе.

Сепак, надлежните истакнуваат дека пожарите се посилни од кога било и апелираат до локалците, но и туристите, да бидат внимателни.

apokaliptichni-sceni-od-grcija-pozhari-na-ostrovite-hios-i-kos-turistite-spijat-na-fudbalski-stadion-foto-video-05.jpg

Повеќе фотографии и видеа од пожарите во Грција:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Реки по улиците, луѓе заробени во домовите - По бурата Даниел, делови од Грција повторно поплавени о... Годинава Грција се соочи со можеби најлошите природни катастрофи во изминатите н...
Опасни животни што живеат во плитките води во грчките мориња – на што треба да внимавате? Освен што треба да се пазите од виолетови медузи и дракони, треба да внимавате и...
„Трауматично за гледање“ - Миа Костова минува низ опожарени делови од Грција + нови потресни фотогра... Огромна материјална штета, бројни повредени пожарникари, но и 20 жртви – пожарит...
Сезоната на бањање во Грција е отворена - Македонци и Срби го преполнија Солун (фото+видео) Внуката на Дац, Гаиа, заедно со родителите Јаков и Софија, уживаше во игрите на ...
Која е најопасната ајкула во грчките мориња + Мапа на места каде се тврди дека имало напади врз луѓе... Во повеќе од 2.500 години само 17 пати бил пријавен напад од ајкула во грчките м...
Грција одобри истополови бракови и посвојување деца од геј паровите, но не и сурогат мајчинство „Грција е првата православна земја која одобри истополови бракови“. Во оваа насо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg