Поглед на море, масивен мебел и луксузни лустери - Како изгледаат домовите на славните дами од регионот?
- Детали
- недела, 23 јуни 2024
Куќата на Јелена Ѓоковиќ чини 6 милиони евра, станот на Емина Јаховиќ гледа кон Босфор, а Наташа Беквалац има огромна трпезариска маса во средина на станот.
Многу често познатите дами од регионот на своите социјални мрежи споделуваат фотографии од своите домови.
Иако некои од нив се трудат својата приватност да ја држат подалеку од очите на јавноста, други со задоволство покажуваат како ги уредиле домовите.
Еве дел од нив:
Наташа Беквалац
Познатата српска пејачка неколку месеци го реновираше својот стан.
Во нејзиниот дом доминираат земјените тонови - крем, бела и кафеава.
На средината е поставена асиметрична трпезариска маса со ефективен држач од рустикално обработен мермер, искомбинирана со ретро столици.
Внимание привлекува и прекрасниот бел камин со модерен минималистички дизајн.
Лустерите, вазите и зеленилото ја комплетираат просторијата.
Дневната соба е уреден во скандинавски стил, со неутрални тонови, а најголем впечаток оставаат трите лустери.
Јелена Ѓоковиќ
Тенисерот Новак Ѓоковиќ и Јелена Ѓоковиќ имаат луксузна куќа во Монте Карло, која вреди околу 6 милиони евра.
Парот поседува повеќе недвижнини, но оваа со фантастичен поглед на море дефинитивно е една од најубавите.
Домот е адаптиран на децата и поседува сѐ што е потребно за да им биде удобно и интересно.
Имаат свое катче за играње, своја библиотека, играчки, но и катче за релаксација за целото семејство покрај базенот.
Емина Јаховиќ
Емина често на социјалните мрежи објавува фотографии од својот дом, на кои може да се види дека нејзиниот нов стан е уреден во минималистички и модернистички стил.
Станот има поглед кон Босфор и зрачи со светли тонови, а секој детаљ е внимателно одбран.
Сето ова придонесува целиот простор да изгледа елегантно.