Поглед на море, масивен мебел и луксузни лустери - Како изгледаат домовите на славните дами од регионот?
Ана Ивановиќ
Ана и Бастијан живеат во простран дом, опкружен со голем двор, кој вклучува тениско игралиште, фудбалско игралиште и теретана.
Во пространата куќа доминираат светли тонови како белата, крем и сивата боја, така што просторот и визуелно изгледа поголем.
Во исто време, мебелот е масивен, луксузен, но сè е практично уредено и има своја намена.
Спалната соба на Ана е во крем тонови, со масивен брачен кревет и големо огледало.
Дворот е нејзина оаза на мирот каде таа вежба јога и чита книги.
Северина Вучковиќ
Северина е родена во Сплит, таму го поминала детството, а таму и живее.
Ентериерот во станот е како од списание - спој на старо и ново.
Во станот преовладуваат многу светли тонови, а целиот простор е украсен со бели и крем бои, со златни детали во форма на украси и рамки за слики.
Прозорците кои се протегаат од подот до таванот го прават просторот поголем бидејќи е целосно исполнет со дневна светлина, а пружаат и поглед кон морето.
Прекрасно уредената, голема трпезариска маса се наоѓа во дневната соба каде се собираат блиските луѓе и семејството на пејачката.
С. Ш. | Црнобело