Салата 14 евра, пиво 7 евра – Наш фотограф споделува какви се цените во Дубровник

Нашиот фотограф Драган Тапшанов со семејството беше на некои од најпознатите места во Хрватска со камп возило. Додека вели дека цените во камповите се сосема нормални, во рестораните и локалите низ Дубровник приказната е сосема поинаква. Погледнете колку чинат оброците во рестораните и локалите, па проценете сами...

salata-14-evra-pivo-7-evra-nash-fotograf-spodeluva-kakvi-se-cenite-vo-dubrovnik-01.jpg

Во изминатите неколку години, Дубровник во Хрватска е омилена туристичка дестинација како за туристите од регионот, така и за голем број светски ѕвезди како Бекамови.

Но, колку новостекнатата популарност влијае врз промената на цените? Дали цените во Дубровник се високи, или сосема нормални ако се земе предвид дека станува збор за светски позната туристичка дестинација?

Нашиот фотограф Драган Тапшанов со неговата сопруга Едит и со синот, во изминатиот период беа на патување со камп возило низ Унгарија, па и низ Хрватска.

salata-14-evra-pivo-7-evra-nash-fotograf-spodeluva-kakvi-se-cenite-vo-dubrovnik-02.jpg

Тие посетија поголем број од познатите хрватски туристички места, како Задар, Шибеник, Примоштен, Трогир, а Драган покажа дека летувањето со камп возило е поевтина варијанта и е погодно за оние луѓе што имаат ограничен буџет за одмор.

salata-14-evra-pivo-7-evra-nash-fotograf-spodeluva-kakvi-se-cenite-vo-dubrovnik-03.jpg

Тој нагласува дека цените во камповите се нормални, а чистотата и услугите се врвни.

„Во Хрватска е строго забрането диво кампување. Значи, казните почнуваат некаде од 300 до 1.300 евра.

Затоа ќе си дојдете во кампови. Камповите се со нормални цени, иако пишуваат дека се по 50-60 евра, може да се најде и за 25-30 евра“ – појаснува тој.

Во најновото видео од Хрватска, тој покажа како се движат цените во локалите и рестораните низ Дубровник, што според некои негови следбеници се премногу високи.

Магнет – 2,19 евра, кроасан – 1,70 евра, парче пица – 4 евра, хамбургер – 10,70 евра, порција рижото – 17 евра, бурито – 24 евра, грчка салата – 14 евра, пиво – 7 евра, капри пица – 16 евра...

Ова се само некои од цените што тој успеа да ги сними.

Погледнете ги подетално цените во неговото видео:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елка од 1.500 евра – Бака Прасе и Ања Бла се пофалија со луксузните декорации во новиот стан вреден ... „Самата елка чинеше околу 900 евра и 500 евра потрошивме за украсите“ – вели дев...
Swarovski ѓердан од 550 евра – Колку чини стајлингот на Цеца во спотот за дуетот со Жељко Јоксимовиќ... Дури и кога се појавува во скромни аутфити, Цеца знае изгледот да го надополни с...
„Трошам по 500 евра за ручек“ – Бака Прасе се фали со луксузниот живот, по вестите дека должи 50.000... „Ми се промени вкусот и сакам да уживам во скапи работи. Јас возам Lamborghini с...
„Не паничев“ - Девојка од Хрватска се пожали дека ја каснала ајкула на одмор на Малдиви (фото) „Дојде мојот ред да нурнам, додека водичот ме снимаше со подводна камера. Се при...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Колку ќе ве чинат патарините до различни дестинации во Грција по поскапувањето? Според новиот ценовник, првата патарина по граничниот премин Евзони е поголема з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg