Ивана Кораб направи екстравагантна прослава за роденден на децата – сафари, огномет и настап на Розга
- Детали
- вторник, 11 јуни 2024
За првиот и вториот роденден на синовите, кој едвај ги доби со помош на ин витро, една од најубавите Србинки приреди спектакуларна сафари прослава, со голем број украсни жирафи во реална големина, маскоти во форма на животни, декорацијата е нереално голема, а гостите ги забавуваше Јелена Розга.
Манекенката Ивана Кораб, која важи за една од најубавите Србинки, со години јавно зборуваше за борбата за потомство.
Со помош на ин витро оплодување, во 2022 таа го доби првиот син Матео, а во јуни 2023, го роди и вториот син Ноа, исто така со вонтелесно оплодување.
Сега, на Инстаграм таа објави видео од најраскошната и најекстравагантната забава за детски роденден што некогаш сте ја виделе.
На двата сина таа им приреди огромна роденденска прослава, со енормна сафари декорација, со животни во вистинска големина, со циркуз аниматори и магионичари.
Насекаде има жирафи во природна големина, огромни маскоти во форма на лавови, жирафи и мајмуни, две торти за двата сина на неколку ката, па дури и мини луна-парк.
На роденденот присуствувале голем број гости со оглед на тоа што има многу маси декорирани луксузно, со златни столчиња и украси.
На роденденската забава пеела Јелена Розга, а прославата заврши со огромен огномет.
Ивана, заедно со тимот за декорации, навистина се потрудила да го пренесе максимално сафари искуството, и семејството како и гостите да се чувствуваат во духот на темата.
Погледнете го видеото од спектакуларната роденденска сафари прослава:
М. М. | Црнобело