Биле другарки, гласини дека се скарале заради Милан Поповиќ – Во какви односи се Северина и Јелена Розга?

„Секој ја работи својата работа на свој начин“ – рече Јелена Розга за Северина, на прашањето дали се точни гласините дека тие две веќе со години се скарани. Во каков однос се двете најпознати хрватски пејачки?

bile-drugarki-glasini-deka-se-skarale-zaradi-milan-popovikj-vo-kakvi-odnosi-se-severina-i-jelena-rozga-01.jpg

Јелена Розга и Северина важат за двете најпознати хрватски пејачки, кои кога ѝ да дојдат во Македонија полнат концертни сали, а нивните хитови се мошне популарни и за нашата публика.

Познато е дека тие две биле мошне блиски пред повеќе од 15 години, но потоа нешто се случило. И двете се по потекло од Сплит, важат за најпопуларни хрватски пејачки, но со години не настапуваат заедно, па заради тоа често се шират гласини за нивниот однос.

bile-drugarki-glasini-deka-se-skarale-zaradi-milan-popovikj-vo-kakvi-odnosi-se-severina-i-jelena-rozga-02.jpg

Во 2008-ма година младата Јелена Розга ѝ била голема поддршка на својата повозрасна колешка. Веќе две години пејачката ја имала напуштено групата „Магазин“, а на промоцијата на албумот на Севе, насловен „Zdravo Marijo“, таа имала мошне важна улога.

Така Севе, таа промоција ја имала замислено како венчавка, а меѓу девериците била и Јелена Розга која дошла и ѝ дала поддршка.

bile-drugarki-glasini-deka-se-skarale-zaradi-milan-popovikj-vo-kakvi-odnosi-se-severina-i-jelena-rozga-04.jpg

Но, се чини дека набрзо потоа нивниот однос се влошил.

Набрзо потоа почнаа да кружат гласини дека двете пејачки се „лути ривалки“ кои се борат за естрадниот трон во Хрватска, а дека наводно нивниот однос значително се влошил откако Јелена Розга почнала да реди големи успеси во нејзината соло кариера.

Но, во 2011-та година кога Јелена Розга одржа голем солистички концерт во Спаладиум Арената, Северина беше нејзина гостинка и ѝ даде поддршка.

„Таа е многу слатка. Драго ми е заради неа и воопшто заради работата, но првенствено заради неа. Таа има добри песни“ – рече Севе во таа пригода за колешката.

bile-drugarki-glasini-deka-se-skarale-zaradi-milan-popovikj-vo-kakvi-odnosi-se-severina-i-jelena-rozga-03.jpg

Воедно тоа беше последниот заеднички настап на двете најпознати хрватски пејачки, а често се коментира дека нивните заеднички средби се како „судар на два титани“.

Според гласините двете пејачки се завидливи и љубоморни една на друга и постојано се во војна за тоа која ќе извади поголем хит и која ќе ужива поголема популарност кај публиката.

Во српските и хрватските таблоиди се коментира дека двете пејачки одбиваат да даваат изјави и да коментираат една за друга, и не се обидуваат да добијат поени кај публиката оцрнувајќи ја колешката.

bile-drugarki-glasini-deka-se-skarale-zaradi-milan-popovikj-vo-kakvi-odnosi-se-severina-i-jelena-rozga-07.jpg

A се пишува и дека кавгата настанала заради поранешниот партнер на Северина, Милан Поповќ кој имал афера со нејзината колешка.

bile-drugarki-glasini-deka-se-skarale-zaradi-milan-popovikj-vo-kakvi-odnosi-se-severina-i-jelena-rozga-09.jpg

Тој и самиот во една пригода призна дека повеќе му се допаѓала Јелена, но ја започнал врската со Северина заради облог.

Неодамна Јелена Розга гостуваше во емисија во една босанска телевизија, каде ѝ го поставија прашањето за односот со нејзината повозрасна колешка, а таа одговори накратко:

„Секако дека сето тоа е преувеличено. Јас со сите мои колеги сум во одлични односи. Секој си ја работи својата работа и тоа е тоа“.

@klixportal

Splitska pjevačica o glasinama da je u svađi sa Severinom

♬ original sound - Klix.ba

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Мајка ѝ на Северина само еднаш се огласи за Милан Поповиќ: „Користи КГБ методи кон ќерка ми – ме бол... „Од каде му е правото 10 години непристојно да го валка името на мојата ќерка, м...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уни... Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле си...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg