Бејби бум: 6 познати жени кај нас и во регионот кои ќе станат мајки во 2024
- Детали
- недела, 02 јуни 2024
Сања Кужет, Тамара Чуприна, Хана Хуљиќ ќе станат мајки до крајот на оваа година. Кои други познати жени од регионот се бремени?
Неколку познати дами од регионот се пред породување, а други, пак, се на почеток на бременоста.
Но, 2024 е година на вистински „бејби бум“.
Издвојувме листа со познати жени кои оваа година ќе добијат дете:
Тамара Чуприна Велковска
Сопругата на фудбалскиот репрезентативец Дарко Велковски, Тамара Чуприна Велковска, е бремена со нивното второ дете.
Парот, кој го има синот Ведран, откри дека чека уште едно момче во ноември 2023.
„Едвај чекаме да те запознаеме“, напишаа тогаш на фотките што ги објавија на Инстаграм.
Марија Килибарда
Водителката Марија Килибарда е бремена со своето прво дете. Таа е во петтиот месец од бременоста, а со нејзиниот свршеник Бранислав Вучелиќ открија дека ќе добијат девојче.
Килибарда е една од најпопуларните водителки во Србија, а во регионот се прослави и како водителка на шоуто „Твоето лице звучи познато“.
Тамара Драгичевиќ
Актерката Тамара Драгичевиќ, која стана популарна со улогата во филмот „Тома“, е бремена третпат.
Таа и нејзиниот сопруг, актерот Петар Бенчина, ќе добијат уште еден син. Парот веќе ги има ќерката Сташа и синот Лазар.