Ги криеше од јавноста, денес се вистински убави - Како изгледаат ќерките на Здравко Чолиќ?
- Детали
- недела, 19 мај 2024
Здравко Чолиќ е една од најголемите ѕвезди на Балканот, но е познат и по тоа што приватниот живот секогаш го криел од очите на јавноста. А, за своите ќерки речиси и никогаш не откривал ништо.
Здравко Чолиќ важи за еден од најголемите заводници на Балканот. По него лудуваа многу жени, но за него постои само една, неговата сопруга Александра со која е заедно две децении и ги имаат ќерките Уна и Лара.
Пејачот е познат по тоа што приватниот живот секогаш го криел од очите на јавноста, а за своите миленички речиси и никогаш не откривал ништо.
Но, тоа се промени кога Уна и Лара пораснаа и направија свои профили на социјалните мрежи.
Јавноста сега може да види како изгледаат ќерките кои познатиот пејач долго ги криеше од љубопитните погледи.
„Горд сум на моите ќерки, како што е секој татко. Јас сум тука да ги поддржувам и да ги исполнам нивните желби.
Убаво е мажот да добие деца во подоцнежна возраст. Горд сум на моето мало семејство, на малите две девојчиња, сега девојки.
Со мене им е лесно, со мама им е потешко. Жена ми често ме критикува дека не треба да им попуштам многу, дека морам да бидам и на нејзина страна, но не можам да им кажам 'не' на девојките.
И, секогаш им купувам сè. Да беше до мене, сè ќе дозволев. Таа ме критикува, но така е.
Од друга страна, не можам да бидам премногу строг, некако ми е тешко, само на моменти можам да станам малку сериозен. Претежно сум попустлив“, изјави пејачот за српскиот портал Story.
Уна е многу активна на социјалните мрежи. Таа постојано објавува фотографии и добива низа комплименти дека е вистинска убавица.
За разлика од постарата ќерка, помалата Лара не сака многу да се експонира, но едно е сигурно - и таа и Уна ја наследиле убавината од своите родители.
https://www.instagram.com/p/CwQzTktrC-d/?hl=en
https://www.instagram.com/p/CtPxuOGsI_Z/?hl=en&img_index=1
https://www.instagram.com/p/Cv0eOyzLL21/?hl=en&img_index=1
В. К. | Црнобело