Познати личности од Балканот кои се бореле со депресија
- Детали
- недела, 19 мај 2024
Некој поминал без лекови, некој се чувствувал празно и планирал да се откаже од кариерата - кои ѕвезди од Балканот проговрија за битката со депресија?
И познатите личности имаат исти проблеми како и луѓето кои не се занимаваат со јавна професија, само што се трудат битките кои приватно ги водат да ги сочуваат за себе.
Естрадниот живот е убав и бајковит на фотографии, но зад целиот тој гламур понекогаш се кријат големи битки кои познатите личности ги водат во приватноста.
Дел од познатите личности од Балканот одлучија и јавно да проговорат за својата борба со депресијата:
Снежана Ѓуришиќ
Пејачката Снежана Ѓуришиќ долго време е во љубов со гинекологот Вања Милошевиќ.
Но, пред да го запознае се борела со депресија поради загубата на сопругот Слободан Гвозденовиќ со кого била во брак 36 години.
„За себе, во мојата глава, не бев во депресија, но гледав дека нешто не е во ред, бидејќи ми одговараше самотијата.
Ми пречеа дури и моите деца и секој кој престојуваше кај мене повеќе од половина час. Одев да работам и брзо се враќав дома само за да бидам сама.
Го изгубив брат ми, па сопругот, па татко ми. Загубата на сопругот најтешко ми падна. Постојано се прашував како е можно повеќе да го нема.
Таа немоќ ме одведе во депресија. Година и повеќе не можев да го споменам неговото име без да заплачам. Благодарам на Бога, се излечив без лекови.
Сѐ тргна на подобро кога отидов на една прослава и не се вратив веднаш дома. Чекор по чекор одеше на подобро.
Поминаа 4 години пред да погледнам во човекот со кого денес живеам“, изјвил Снежана за емисијата во интервју.
Сања Вучиќ
По излегувањето од групата „Ураган“, пејачката Сања Вучиќ започна успешна соло кариера.
Пред неколку години, Сања дознала дека има Хашимото, болест на тироидната жлезда, а еден од првите симптоми дека нешто не е во ред била честата депресивна состојба.
„Постојано чувствував присуство на некоја сеопфатна тага која беше необјаснива и без причина“, раскажува пејачката во емисија.
Таа мислела дека проблемот е што нема партнер, но кога започнала врска, тоа уште полошо влијаело на неа.
„После една година од таа врска, која беше на некој начин фатална за мене и, во најмала рака, турбулентна, почнав да покажувам знаци на депресивно однесување.
Кога веќе не наоѓав сила за да живеам ,побарав стручна помош“, искрено раскажала Сања, која по терапијата за тироидната жлезда успеала да ја стабилизира својата здравствена состојба.
Дино Мерлин
Познатиот пејач Дино Мерлин исто така поминувал низ тежок период, а дури помислувал да се откаже од музиката.
Јавно призна дека се борел со депресија.
„Во еден период од мојот живот бев тешко болен. Имав тешка депресија. Тоа никому не би му го посакал. Тоа се манифестираше така што не бев способен за ништо.
Апсолутно ништо не ме интересираше, животот и смртта ми беа исти. Едноставно бев само растение.
Тоа беше периодот кога сакав да ја напуштам музиката и тогаш ми паднаа на памет секакви работи, но, за некое чудо, се извлеков“, изјави Дино за HRT.
Неда Арнериќ
Последните месеци пред да почине, актерката Неда Арнериќ сцената ја делела со својот колега Феѓа Стојновиќ кој најдобро знае како изгледале последните денови од нејзиниот живот.
„Не знам како починала, дали се обидела да си го одземе животот или станува збор за природна смрт.
Нејзиниот живот беше огромна депресија, често ми кажуваше како е под лекови, дека оди на психијатар.
Можеби нејзината смрт е резултат на сите тие лекови што ги пиела. Депресијата беше злото во нејзиниот живот. Сè ѝ се измеша во главата.
Најголемиот проблем беше што прескокна многу фази во животот.
Немала детство, како девојче не излегувала, но снимала и работела многу, а тоа остава многу последици врз човекот, а и самата тоа го потврдуваше“, изјави актерот за Pink.
фото: Фејсбук
С. Ш. | Црнобело