Го нарекуваат турскиот Елвис Присли, со еден хит стана славен – Како изгледа денес Таркан?

Во 1990 година се запишал на музичката академија во Истанбул. Најпрво започнал да пее во рестораните во Истанбул каде ја имал и судбоносната средба со продуцентот кој го позна неговиот талент и од него направи мега-ѕвезда.

turski-zavodnik-tarkan-01.jpg

Во родната Турција беше популарен, но, кога во 1998 година го објави најголемиот хит „Kiss Kiss“ турскиот зеленоок заводник буквално ги освои срцата на припадничките на понежниот пол низ целиот свет.

Песната стана голем хит и има над 80 милиони прегледи на YouTube.

За него многу пати можеше да се слушне како низ странските медиуми го споредуваат со Елвис Присли.

Тој беше можеби и единствениот турски пејачи кој успеа да се искачи на светските топ-листи пеејќи на свој мајчин јазик.

Роден е во 1972 година во германскиот град Алзеј, каде што неговите родители емигрирале од Турција.

Иако сакал да се занимава со ветеринарство, сепак по желба на родителите се запишал во музичко училиште.

Тие биле свесни за гласовните способности на нивниот син и денес може да се каже дека воопшто не погрешиле.

Во 1990 година се запишал на музичката академија во Истанбул.

Најпрво започнал да пее во рестораните во Истанбул каде ја имал и судбоносната средба со продуцентот кој го препознал неговиот талент и од него направи мегаѕвезда.

По освојувањето на публиката сѐ почна да оди во нагорна линија. Таркан својот прв албум го издал во 1992 година, а во 1994 година вториот, по што заминал на првата странска турнеја.

Потоа објавил неколку албуми и продал 19 милиони примероци, а ја основа својата музичка издавачка куќа HITT Music во 1997 година

Тој беше заштитно лице на Pepsi во својата татковина, а лансираше и линија парфеми со неговото име.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хит дедото од Хрватска: „Мажот треба да е 10 години помлад од жената, а не обратно“ „Разликата во години не е добра, а ако има, тогаш мажот треба да биде дури и 10 ...
Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Наташа од „Фрајле“ со трогателна исповед: „Брат ми се самоуби, додека јас бев во соба до неговата“ „Буквално денот пред да си го одземе животот брат ми Рале (26) се шегуваше со мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg