Вирално видео: Пријовиќ прекина концерт за девојка од публика – покажа дека има срце од злато
- Детали
- петок, 29 март 2024
„Престанете да свирите“ - на социјалните мрежи кружи видео од концертот на Александра Пријовиќ во Бања Лука, која престана да пее за да ѝ помогне на една девојка од публиката на која нагло ѝ се слоши.
Александра Пријовиќ најави концерт и во Скопје (на 14-ти јуни), а деновиве имаше свој настап и во Бања Лука, каде пејачката мораше накратко да го прекине, за да ѝ помогне на една девојка на која ѝ се слоши, додека таа го изведуваше нејзиниот огромен хит „Дам дам“.
Пејачката забележа дека нешто се случува во близина на сцената и веднаш дотрча со шише вода за да ѝ помогне на девојката, додека музичарите продолжија во позадина да свират.
Одеднаш пејачката им кажа на музичарите да престанат да свират, и покажа дека освен што е вистински професионалец кога станува збор за полнењето концертни сали и настапите, таа е и вистински човек, кој има срце од злато.
„Застанете, застанете. Па подобро е сега да не свириме“ – му порача Пријовиќ на својот бенд, а потоа ја праша девојката дали е добро.
Набрзо потоа, таа на микрофон ги замоли организаторите да ја извадат девојката надвор од салата на свеж воздух, а овој нејзин гест беше поздравен со громогласен аплауз од публиката.
Погледнете го видеото:
Devojci pozlilo, Prijovićka nakratko prekinula koncert u Banjaluci pic.twitter.com/SsPCYSes94
— Rade Fantastični (@RFantasticni) March 29, 2024
Б. С. Б. | Црнобело